Re: [Ossm-members]Ден на слободниот софтвер

Ѓоре Захарчев aristotel at mt.net.mk
Thu Jul 14 17:07:57 UTC 2005


From: "Новица Наков" <novica at bagra.org>

> Mојот предлог за дополнување* на ДСС во Македонија:

> По (не толку) случаен избор се договараме со неколку
> (10?) средни училишта од
> земјава да им подесиме интернетот
> од Macedonia Connect да им работи и под
> оној инсталираниот Мендрејк.

Мендрејк имаше на Кинеските компјутери колку што се сеќавам зар не?



> За ова, покрај тоа што ќе треба да се зборува со
> повеќе одговорни организации (ЕДЦ прва ваљда -
> јас уште сега би одел, ама
> можда се на одмор) за да се договори
> ваква акција, можеби ќе треба да се
> вложи екстра напор да се открие како
> ова поврзување би успеало (опрема а-у) и
> сето тоа убаво да се документира.

Ај некој нека го изоди сето тоа и нека види шо се треба, дополнителен
софтвер шо требе да се инсталира, подесувања што треба да се направат
и нека направи едно упатство па нека го пушти на веб.




> Пошто имаме луѓе и во Битола, Кочани (и каде
> уште?)

Кавадарци, Неготино.

> Ако не се лажам ДСС е на 1
> септ., тогаш почнува новата учебна година,
> а и тогаш ваљда официјално треба
> да биде пуштен интернетот(?).
> Ова значи дека може да има бајаги гужва, па
> можда оваа активност би било позгодно
> да се помести за 1 ден пред или после 1 септ.

2 септември петок?


> Можен проблем од интерна природа,
> како и обично, е дали ќе го сработиме
> ова. :)


Ако има пари ке се сработи и тоа како, ако не ништо :))))))))


Поздрав,


Ѓоре.





More information about the Ossm-members mailing list