[Ossm-members] Консолидација на преводите
Дамјан
penguinista at mail.net.mk
Sun Jul 17 12:35:46 UTC 2005
Организацијата Метаморфозис сака да помогне во локализација на некој слободен
софтвер (за windows) што потоа ќе се стави на CD (ала TheOpenCD) за да се
дистрибуира и користи во разни други невладини организации.
За таа цел најверојатно ќе најдат лектор кој би ги прочешлал преводите што
досега ги имаме направено, вклучувајќи го и преводот на OpenOffice-1.0.
Софтверот кој им е во интерес е:
OpenOffice.org
Mozilla Firefox, Thunderbird и Suite
Gimp
Gaim или Psi
7zip
и опционално:
PDFCreator
CDex
vlc
stardict
xchat
(некој voip програм??)
Затоа ми требаат последните верзии на преводите на овој софтвер за да ги имаме
на едно место и по потреба да им се пратат на метаморфозис.
Метаморфозис исто сакаат да помогнат во допреведување на истиот софтвер и
можат да обезбедат училница со неколку компјутери и интернет каде што кој
сака би можел да дојде и да си работи (а и да си сурфа). Мислите ли дека има
некој кој би го правел ова?
Дополнително метаморфозис има некој мал буџет за слободен софтвер кој би можел
да се искористи за минимален хонорар за преведувачите, меѓутоа буџетот
сигурно не е доволен за full хонорар за доволно луѓе за да се преведе цел
OpenOffice-2.0 на пр. Јас немам идеја како најпаметно да се искористи буџетот
за накрај да добиеме македонски OpenOffice-2.0, ниту можам да преговарам со
Метаморфозис во име на тие што би преведувале - така да ... има некој
предлог, заинтересирани?!?
Се надевам дека појавата на пари нема да ја уништи ионака кревката заедница
што ја имаме тука, и од тој аспект повеќе би сакал да нема пари одколку да
нема заедница. Од друга страна мислам дека е извонредно корисно да имаме
OpenOffice-2.0 на македонски (по можност со spellcheck и help), и веројатно
за тоа вреди да се инвестираат пари. Таф чоис, но не заборавајте дека од
слободниот софтвер на македонски сите подеднакво имаме корист.
--
дамјан
The three Rs of Microsoft support: Retry, Reboot, Reinstall.
More information about the Ossm-members
mailing list