[Ossm-members] Консолидација на преводите

assyst at on.net.mk assyst at on.net.mk
Wed Jul 20 19:46:13 UTC 2005


> Со други зборови, јас лично не би поддржал hit-and-run
> зделки: да се преведе 
> нешто заради кешот, па после за одржување здравје. 
 
Не се сложувам комплетно со hit-and-run моделот на работа,
или работа на Ура!, сепак мора да се напомене дека тоа беше
моделот што воопшто го донесе првичниот превод на OO 1.x,
кој одлично функионира и денес. Дури можеби е за нијанса
подобар и од преводот на windows и office 2003. Првиот беше
направен за еден викенд, другиве имаат 14-15 месеци.

Оттука следува дека, ако разработуваме оддржливост на
моделот на превод, нема никаде да стигнеме и нема да
добиеме превод.

Поради драстичната ограниченост на средствата треба да се
направи компромис, она што може да се преведе да се
преведе, се разбира што е можно повеќе. 

А за квалитетот и за одржувањето, е тоа, во светот на
слободниот софтвер е исто така слободно, дали ќе се случи
или зависи исклучиво од самите нас. Ништо не е сигурно,
можеби ќе се одржува можеби не, тоа нема врска со парите и
со моделот на преведување, конечно има врска со слободата
на оној кој бил задолжен за преводот, да го избере дали ќе
го одржува или не.

Од друга страна има и компании кои комерцијално го
дистрибуираат ОО, па може да се остави на нивната „совест“
и финансиска моќ да сторат нешто во врска со долготрајноста
и одржувањето на преводот.

На крајот нема ништо лошо некој да земе кеш за она што го
сработил, ако сакаме издржливост тогаш нека се потпише
некој договор со лицата што ќе преведуваат за да се обврзат
на одржување на преводот.

Ова како што гледам е одлука дали ќе има превод на ОО 2 на
македонски или не? 

Ако вака се постават работите очигледно дека нема да го
има.

--
Игор

П.С. Се разбира IBM, Novel, RHAT и останатите истураат
огромни количини на пари за да се осигураат во
„одржливоста“ на моделот, за следните верзии со „сигурност“
да го видат светлото на денот, и да имаат каква таква
„сигурна“ иднина.



More information about the Ossm-members mailing list