[Ossm-members] OT: Проект за локализација и OpenCD

Новица Наков novica at bagra.org
Wed Jul 27 13:13:29 UTC 2005


Darko Nikolovski напиша: 

> Не да испадне дека мрчам во последен момент или нетшто слично (и онака
> неможам да присувствувам бидејќи е органзирано во работно време),
> ама луѓе бе нормални ли сте сред лето да се собирате во 12 саатот на
> пладне?

Искрено речено помалку сум разочаран заради слабиот одзив на оваа иницијатива 
особено затоа што одамна се зборува за истата. 

Додека чекавме до 12:05 вчера, Ацо даде убава забелешка дека: кој сака секогаш 
ќе работи, кон неќе нема. Така, секогаш е лесно да се најдат изговори. Во 12 
е топло, во 08 се спие, во 20 има концерт или не знам што, во август е одмор, 
во септември/фебруари/јуни/и сл. е сесија, во декември/мај/и сл. се 
празници.... итн.

Како и да е, се надевам дека тој број на луѓе што некако се вклучија во ова ќе 
биде доволен да се заврши работата и да се направи солиден придонес во 
ширењето на слободниот софтвер во земјава.


-- 
Новица

Магарето можеш со сила да го донесеш до река,
ама не можеш со сила да го натераш да пие вода.




More information about the Ossm-members mailing list