[Ossm-members] Re: Debian-3.1r0
Arangel Angov
ufo at linux.net.mk
Wed Jun 8 08:28:14 UTC 2005
Aleksandar Balalovski напиша:
> Стварно не разбрав, со што ја претераа? Гном не се користеше во Дебиан
> порано?
Мислев на развојот. Последната стабилна верзија беше објавена пред три
години.
> Дали стварно идејата на Убунту им е да „фураат“ десктоп решение?
> Ако е да, тогаш моето искуство кажува дека не им оди воопшто. Ако се
> работи за сервер каде што може да се користат ГУИ алатките што доаѓаат
> со Убунту тогаш можеби е друга приказна, макар што и самиот процес на
> покревање на системот е предолг (тоа е лошо за сервер)...
Ти си ненормален бе. :))) Убунту инсталирам на дете што трет пут работи
на компјутер и се снаоѓа ко цел живот да работел на него. Иначе со
Убунту не доаѓаат никакви посебни алатки со ГУИ освен „gnome-system-tools“.
За подигнувањето, можеш да ги исклучиш сервисите или да им напраиш chmod
-x и нема да ти се подигнуваат. Стандардно сите се подигнуваат, тоа е
малце глупо, им фали на „gnome-system-tools“ еден менаџер за сервиси.
> Што значи дека ако Дебиан пропадн(ат)и пропаѓа и Убунту..
Не, независно од тоа што ќе се деси со Дебиан, Убунту ќе си продолжи да
постои и ќе продолжи да клоца гзови. :)
--
Арангел Ангов
Слободен софтвер Македонија
http://www.slobodensoftver.org.mk
info at slobodensoftver.org.mk
More information about the Ossm-members
mailing list