[Ossm-members] Firefox-1.0.1 на македонски
Дамјан
penguinista at mail.net.mk
Wed Mar 2 00:06:36 UTC 2005
Ај посебна нишка. Одговарајте тука, кратете го непотребниот текст.
Значи имаме windows build кој е ажурен со сите печеви кои сме ги пратиле.
Треба да се тестира пред да кажеме дека е официјален. Сеуште не е за
објавување по сајтови и сл. Linux-build-от кој ќе биде ажурен ќе се појави
најверојатно утре околу 21:00. МЕК билдот е од 26 февруари, значи не е
ажурен(*) - но сепак не е лошо да се тестира, посебно инсталацијата пошто
другиот дел од програмот е мање-више иста.
Направете backup на постоечкиот профил и избришете го и Firefox-от и профилот
па после инсталирајте го. Mozilla не препорачуваат да се инсталира со
инсталер ако претходно Firefox-от бил од zip или обратно. Тестирајте и
напишете интелигентен рипорт ако нешто не е во ред.
Синтниците во преводот може да се игнорираат за сега, тие ќе ги решаваме за во
1.0.2 или 1.1.
(*) не е ажурен == default bookmark-ците не се тие што треба да бидат, и има
уште некои ситници кои mozilla foundation ги сакаше, а кои немаат врска со
нормална работа и не се нити приметливи во програмот. Се друго е а-ок.
http://ftp.mozilla.org/pub/mozilla.org/firefox/nightly/latest-aviary1.0.1-l10n/
http://ftp.eu.mozilla.org/pub/mozilla.org/firefox/nightly/latest-aviary1.0.1-l10n/
--
дамјан
Give a man a fish and you feed him for a day;
teach him to use the Net and he won't bother you for weeks.
More information about the Ossm-members
mailing list