[Ossm-members] naskoro Linux klub vo Bitola (dokolku pomognete) :)

Dean Josevski dean at integraeng.com.mk
Fri May 6 12:12:06 UTC 2005


Здраво,

Во Интегра инженеринг од Битола (некои сте биле и знаете), има клуб 
којшто е место за одмор и разменување искуства, а има можност и за 
освежување со пијал­oци. Тоа е место за опуштање, за размена на идеи и 
знаења, за неформален разговор во пријатна атмосфера. Исто така во овој 
клуб може да се најде информатичка литература и информатичка периодика 
од најнов вид. Пред се би го издвоил списанието PlugIn, од коешто можат 
да се набават сите броеви.

Во еден дел од овој простор планираме да поставиме неколку компјутери на 
коишто ќе биде инсталиран само Linux. На тој начин овој клуб ќе ја 
задржи својата намена, но воедно ќе овозможи поквалитетно и поинтересно 
дружење, пребарување и играње во пријатен амбиент, со пријатна музика и 
слободен софтвер. ;)

Во соработка со Александар Балаловски ќе биде обезбеден мониторингот на 
компјутерите, благодарение на неговата програма за оваа намена: GemTer 
Pack.

Припремите се во тек, а конечното „пуштање“ во работа се планира за 
почетокот на јуни.

Оваа порака ја пишувам за да ве замолам за помош во врска со игрите. Јас 
немам знаење за инсталирање, нагодување (играње) ;) на игри, ниту под 
Linux, ниту под било кој друг оперативен систем. ;)

Затоа ве молам доколку сте во можност да помогнете со предлози, url, cd, 
напатствија и сл. Сите сугестии за какви било игри, или други програми и 
технологии ќе бидат од помош и директно ќе влијаат врз квалитетот на 
дружењето во клубот.

Овој клуб во иднина ќе може и поинтензивно да се користи за потребите на 
Слободен софтвер Македонија, Лугола, или други организации и поединци 
коишто ќе бидат заинтересирани за Linux и за друг слободен софтвер.

Цениме дека овој клуб директно и индиректно ќе придонесува кон 
поинтензивно користење на Linux и слободен софтвер, затоа што сите 
заинтересирани ќе можат да дојдат и да видат како изгледа Linux при 
работа. ;) Исто така овде ќе се организираат и одржуваат средби коишто 
најчесто за своја главна цел ќе го имаат слободниот софтвер.

Поздрав,
Деан Јошевски

P. S.  Александар Б. ми предложи да  го споменам Владо С. од Скопје, за 
којшто со сигурност знае дека често играл под Linux, а сам си ги 
обезбедувал игрите и сам си ги инсталирал и нагодувал. Ако е така, тогаш 
и тебе Владо те молам да ми одговориш на оваа порака.

P. P. S. Извинете за должината на пораката, но целта ми беше целосно да 
ве информирам и да ве замолам за помош.








More information about the Ossm-members mailing list