[Ossm-members] Re: Zaednichki rechnik (peglanje konflikti - account)
Georgi Stanojevski
georgis at unet.com.mk
Fri May 6 12:50:02 UTC 2005
На 05 мај 2005 (четврток), Arangel Angov напиша:
> > - user account - корисничко досие
> > - jabber account - џабер пристап
>
> Каде бе? Во КДЕ и Гном е сметка (корисничка сметка) а во Виндоуз досие и
> ние досие да употребуваме а? Сметам дека во Гном и КДЕ е соодветен
> преводот, го има и во Федора и Мандрива. ???Досие??? може да го користат во
> Виндоуз ако сакаат...
1. Сите во секој случај се правилно правописно преведени.
2. И јас немав ништо против сметка да биде превод на account, сама по себе
и пред да го видам Досие. :)
Но,
1. Досие сметам дека е посоодветен превод. Затоа што,
- во училиште чуваат досие за ученик.
- на факултет чуваат досие за студент.
- по фирмите чуваат досие за вработениот.
- во МВР чуваат досие за криминалецот.
Сметка премногу(единствено) асоцира на сметка во банка.
2. Windows сакале или не ќе ги постави стандардите, за вакви зборови кога и
едното и другото се прифатливи не ќе е лошо да ги прифатиме тие термини. За
преводите да бидат поразбирливи и меѓуплатформски.
--
Glisha
The perfect OS, MS-DOS!
No patches, no root exploits for 21 years.
More information about the Ossm-members
mailing list