[Ossm-members] Re: Zaednichki rechnik (peglanje konflikti - account)
Зоран Димовски
decata at mt.net.mk
Sat May 7 22:42:44 UTC 2005
На петок 6. мај 2005 14:50, Georgi Stanojevski напиша:
> 1. Сите во секој случај се правилно правописно преведени.
>
> 2. И јас немав ништо против сметка да биде превод на account, сама по себе
> и пред да го видам Досие. :)
>
Што подразбираш под досие???
> Но,
>
ама нема НО :))))
> 1. Досие сметам дека е посоодветен превод. Затоа што,
> - во училиште чуваат досие за ученик.
> - на факултет чуваат досие за студент.
> - по фирмите чуваат досие за вработениот.
> - во МВР чуваат досие за криминалецот.
>
> Сметка премногу(единствено) асоцира на сметка во банка.
Не асоцира.
Ок сега вака. Што пишува во Досие за тебе? Какви информации? Дали само име и
презиме? Мајка, тактко, брат, дата на раѓање, прекршоци, дали имаш возачка
дозвола, дали немаш, дали си женет, дали не си итн итн итн итн да не
наведувам многу примери.
Е тоа ти е досие за Тебе или за Некој си Рајко и Петко.
Од друга страна сметка е нешто друго. Овде не мора да пишуваш не знам какви
работи околку тебе, едноставно си правиш твоја сметка и ја користиш, дури и
самиот збор „сметка“ совршено се совпаѓа овде во самата реченица а не
„досие“. (нели сега ако сакате горенаведените информации да се прикажуваат
тоа секако е личен избор), но не е досие.
Во досијата за ученикот има колку е приходот на мајка ми и татко ми, дали се
вработени дали се невработени и не знам колку работи треба да внесеш и не
само во ученик, тоа е за студент, за вработен и за криминалец.
> 2. Windows сакале или не ќе ги постави стандардите, за вакви зборови кога и
> едното и другото се прифатливи не ќе е лошо да ги прифатиме тие термини. За
> преводите да бидат поразбирливи и меѓуплатформски.
Строго не се согласувам! Зошто МС да ги постави стандардите? Од каде знаеш
дека сега во овој момент некој од МС не ја набљудува листата и не собира
информации околку нашите дискусии за преводите или пак веќе не се употребени
нашите преводи? Колку си сигурен во тоа? Ние сме отворени така???
Сите што преведуваат знаат колку време е утепано да се дојдат до правите
заклучоци околку преводите и не знам на колку страни е за тоа прашувано и
лектори и професори и уште не знам ти колку личности кои имаат доста солидно
познавање а тие за неполна една година да стандардизираат толку многу
зборови????????
Ииииии јас мислам дека ќе е лошо ако ги прифаќаме нивните преводи здраво за
готово а преводите секако ќе се поразбирливи ОК? (ОК -> Добро -- во преводите
на МС - уште да го прифатам и ќе се бесам :) )
Поздрав Зоки.
П.С. Имам забелешка до тебе, тоа е: премногу во вовлекуваш МС во нашите води.
Не го прави ова и тие не треба да имат влијание на нашите преводи бидејќи тие
до скоро време немаа ни превод и сеуште не се соочени со пропуштените работи
кои ги направиле (а секако ги направиле па тоа е МС шит).
More information about the Ossm-members
mailing list