[Ossm-members] Re: Zaednichki rechnik (peglanje konflikti - account)
Nikola Vanevski
nvanevski at gmail.com
Mon May 9 07:26:22 UTC 2005
> Georgi Stanojevski напиша:
>
> > 1. Досие сметам дека е посоодветен превод. Затоа што, - во училиште
> > чуваат досие за ученик. - на факултет чуваат досие за студент. - по
> > фирмите чуваат досие за вработениот. - во МВР чуваат досие за
> > криминалецот.
> >
> > Сметка премногу(единствено) асоцира на сметка во банка.
>
> Потполно се согласувам со Глиша. Факт е дека „досие" е посоодветен збор
> од „сметка", а тоа што виндоус го користи е сосема трета работа.
>
А дали на накој му текнало дека и „досие" е исто толку македонски збор
колку што е и „акаунт"? Доаѓа од француски dossier (не сум сигурен за
правописот), што значи папка! Единствено „сметка" е збор со македонски
корен (а ако користиме одомаќени зборови како „досие", дури поголемо
право на користење има „тефтер" со самото тоа што е во употреба кај
нас последните 500 години. Не се шегувам, мртов сум озбилен).
--
Nikola Vanevski
More information about the Ossm-members
mailing list