[Ossm-members] rabota so php5

Nikola Vanevski nvanevski at gmail.com
Thu May 12 06:58:19 UTC 2005


> 
> Wow, што убаво му одговори. Сигурен сум дека сега човекот одвај чека да
> почне да соработува со ОССМ.
> 

Мислам дека е подобро да се соработува со луѓе кои се држат до правила
отколку со луѓе на кои не им е гајле.

> Луѓе, што ви е бре на вас!?! Па зарем мислите дека ако нон-стоп мрчите на
> листава за netiquette НАВИСТИНА ќе постигнете нешто, некаде? Или едноставно
> немате попаметна тема за дискусија, а тегнењето на уши со бонтон УРЛ-и ве
> "пали". Искрено, гледано од страна, сето тоа изгледа патетично.
> 

Ако некој нон-стоп мрчи, значи дека има некој што нон-стоп постапува
наопаку. Јас не гледам проблем (а поготово не се чувствувам истегнат
за уво) ако некој ми даде до знаење дека не постапувам како што треба.
На никого, а ни тебе, нема да му биде полошо во животот ако одвои пет
минути да ги прочита правилата на листата.
Кога сме веќе кај патетика, како ти сам би го нарекол твојот инает -
иако сега ги знаеш правилата, пак реплицираш _под_ пораката? Не сакам
да ставам атрибут, одбери си сам.

> Ова важи генерално за сите дон кихоти на листава, не се однесува само на
> тебе.
> 

Морам да признаам дека твојов коментар ме изнервира повеќе од сите
„мрчења" заедно. Постои и понормален начин да го изразиш истото
незадоволство без да ги нарекуваш луѓето „патетични" и „дон-кихоти".


Од моја страна, можам само да му посакам на Ванчо добредојде и долго
дружење во друштвото на патетичните донкихоти. Мрчење стално има, ама
и тоа на крајот испаѓа конструктивно. На крајот на краиштата, ако
никој не мрчи, животот не е интересен.

-- 
Nikola Vanevski
Postpaid Billing Software Engineer
Cosmofon MTS.AD. - Skopje
GSM +389 75 400 322
Tel. +389 22 441 300


More information about the Ossm-members mailing list