[Ossm-members] Re: бонтон
Arangel Angov
ufo at linux.net.mk
Tue May 17 20:04:08 UTC 2005
darkos at mt.net.mk напиша:
>Ona sto sakav da go kazam deka e krajno neproduktivno nekogo da precekas na
>lista so netiquette URL koga od 200 kilometri moze da se vidi deka nitu
>e newbie, a uste pomalku troll ili inaetdzija.
>
>
Што си се фатил за конкретниов случај? Еве згрешил човекот еднаш ќе му
простиме нема од првпут да карама никој. Ама не е тоа проблемот, има
луѓе на листава кои што се тука веќе подолго време, некои дури и од
нејзиното креирање а сеуште реплицираат над пораките и не ги бришат
насловите и праат се друго што може да ја ушмрља нишката. Јас да бев
администратор на листава ќе ги банирав сите тие уште одамна ама пошто не
сум а *СТВАРНО* ми смета веќе подолго време се обидувам (најверојатно
безуспешно) да им посочам дека прават грешки. Зашто не треба да се
прават тие грешки пишува во бонтонот. Нормално ли е на некој да му кажеш
нешто 10 пути и он пак да си тера како што не треба? Кучето мое ќе го
седнам и ќе го научам да праќа мејл и да почитува бонтон на листава па
ајде да видиме кој тука има пониско ниво на интелигенција од куче.
Проблемот е во пристапот. Коа некој се зачленува на листава иако му
пишува прво да ги прочита правилата за користење он безгрижно клика на
„Subscribe“ и го боли за некои си правила, он сака да си праша нешто и
ич не му е гајле дали ќе поремети некаков ред и што ќе деси после тоа.
Ако сте вака навикнати да функционирате ќе се одвикнете или нема да
добиете одговор и ќе бидете банирани. Ја викам и ова да се додаде во
бонтонот и да се уведе построга политика на листава. Ако нејќе Дамјан да
се замара со држење ред на листа нека ми даде мене лозинка и јас ќе го
правам тоа. Сигурен сум дека ќе ми одзема многу помалку време од
реплицирањето.
>Jas definitivno ne sum za uste edna "me too" lista, ama ova brate poleka odi
>na nervi. Sekoj 10-ti post nekoj nekogo predupreduva deka nesto zaebal u
>postot. Pa dajte ludje, mislam deka e bolje nekoj nesto da pise korisno
>na listava, otkolku toj nekoj da go izbrkame so tegnenje za ushi radi "nekultura".
>
>Ako vekje smetate deka netiquette urli se potrebni, napravete nov signature so
>URL-ot vo nego i neka sedi tamu. I pobogu, ako nekoj vekje tolku ve nervira
>so stilot na postiranje - banirajte go na mesec dena! Pa zatoa i postoi
>i onaa blacklist opcija u mailmanot...
>
Тоа што често ги забележуваш моите пораки за бонтон е резултат и на тоа
што и нема некаков сообраќај на листава. Заедницава е тапа. Нејќам ни да
почнувам на оваа тема...
Џабе додавање во потписот адреса. Никој нема да ја кликне, како што
никој не ја клика ни на сајтот пред да се претплати.
--
Арангел Ангов
Слободен софтвер Македонија
http://www.slobodensoftver.org.mk
info at slobodensoftver.org.mk
More information about the Ossm-members
mailing list