[Ossm-members] Re: rabota so php5

Vasko Mitanov vaskom at mail.com.mk
Tue May 17 20:30:36 UTC 2005


|Ona sto sakav da go kazam deka e krajno neproduktivno nekogo da precekas na 
|lista so netiquette URL koga od 200 kilometri moze da se vidi deka nitu 
|e newbie, a uste pomalku troll ili inaetdzija.

Дарко, имаш потполна поддршка од мене за ова.

Дефинитивно треба да се додаде во бонтонот
(http://www.slobodensoftver.org.mk/dokumenti/bonton.html#citati)
и пасус во кој ТОЧНО ќе биде изнесено во кој случај смее да се опоменува
некого за порака која не е според бонтонот. 
Мојот предлог е:
"Доколку една испратена порака не е според правилата од бонтонот за
пишување на њуз групи, испраќачот на таквата порака НЕ СМЕЕ да биде опоменат
со порака чија содржина е само опомената од испраќачот, туку опомената може
да се стави во "p.s." делот од одговорот кој е во контекст на
проблематичната порака".

ps. Лично според мене е лечење на фрустрации на некого на толкав текст (за
текст кој и не е наменет на мене) да му се уфрлам со наредба (пошто имаше
извичник на крај) која и беше на крај краева тотално надвор од контекст и
кршеше еден куп правила од бонтонот кој и самиот прати референца до него:

* 1. Припазувај ја основната тема на листата (Слободен Софтвер, Linux)
* 2. Насловот на пораката треба да одговара на нејзината содржина
* - Потруди се во пораките да се држиш до основната тема на LUG мејлинг
истата, а тоа е Слободен Софтвер и се што има врска со него.
* - Ако си решил да напишеш нешто што е надвор од темата, тогаш би било
згодно тоа и да го нагласиш, со еден "(off topic)" кој би го додал на
почетокот на насловот на пораката.
* - Не допуштај да ти се испуштат "И јас исто!" или цитирање на 10 килобајти
текст, за на крајот да напишеш "И јас мислам така" или недај боже едно
минијатурно "Да".


p.p.s Доколку на некој ептен му се дига но тоа што ќе опоменува, нека го
прави тоа на директен мејл до прекршителот на бонтон правилата, нека не ми
го губи моето време (и пари за интернет) да ги читам све истите опомени и
линкови до бонтонот.

Поздрав




More information about the Ossm-members mailing list