[Ossm-members] [l10n] Firefox/Thunderbird 1.5 - забелешки за преводите

Новица Наков novica at bagra.org
Sat Sep 3 14:01:31 UTC 2005


Состојбата на преводот, помалку од една недела до официјалниот бета1.
Пишувам за тоа како изгледаат билдовите кај мене, со последните промени кои се 
однесуваат на големина на прозорци и сл. а не толку многу за некакви 
правописно/преведувачки работи. Ова се работи што се случуваат на Слеквер. Не 
знам како е во Виндоус.

Пред да продолжиме:
Во ФФ Уредување -> Преференции -> Содржина -> Фонтови и бои -> Напредно. 
Таму за резолуција бирам системски поставки. 
Во таква ситуација сеуште ми се појавува помало прозорче, освен ако претходно 
не сум бил во Приватност или Содржина. Ако сум бил во Приватност наредниот 
пат добивам таман прозорче, а ако сум бил во Содржина наредниот пат пак 
добивам нешто помало прозорче во кое Приватност не го собира.
Дополнителен проблем со Линукс е што во преводите нема каде да се дефинира 
висината на прозорчето (или барем јас не успеав да најдам каде до сега). За 
Вин. тоа е можно, па штом ќе искочат најновите билдови (ако викендов закачиме 
датотеки на ЦВС) ова ќе треба да се истестира детално.
Ако за резолуција изберам 96, работите се комплицираат и со Преземања и 
Напредно, а веројатно и на други места.
И изборот на ситниот 72 не го решава проблемот.

Во ТБ исто со резолуција == системски поставки имам проблеми со висината во 
неколку места во Преференции и со ширината во делот Приказ, кој не знам како 
да го отсранам. Нема нешто особено долги линии во тој дел. Промената на 
резолуцијата слично како кај ФФ не менува нешто особено многу, т.е. 
проблемите остануваат.
Дополнителен проблем е Уредување -> Преференции -> Приказ -> Фонтови, каде 
изборот на кодната страница (encoding) е можен само еднаш. Имено, ако пуштам 
преференции, ги изгасам, и пак ги пуштам, полињата за избор на кодна страница 
се заебуваат, и за да имам пак пристап до нив треба да го рестартирам ТБ.
И за ова не ми е јасно од каде и зошто се појавува како проблем


Конечно веројатно е дека има и полно проблеми со accesskeys (ALT + копче), во 
смисла дака може една буква да се повторува во едно исто менијата или да има 
латинично што е прилично грдо. Овие нема некако поединечно да ги барам и 
ваљда ќе поправам само она што ќе го видам, додека гледам други работи. Сепак 
ако некој се нафати добро да ги прочешла, и прегледно да ги запише проблемите 
за потоа лесно да можам да ги најдам низ преводите, може и ќе ги поправиме 
сите работи.

Како и да е, викенд е, па почекајте ги новите билдови пред нови пријави за 
проблеми со ФФ и ТБ. :)


-- 
Новица

The difference between 'involvement' and 'commitment' is like an eggs-and-ham
breakfast: the chicken was 'involved' - the pig was 'committed'.



More information about the Ossm-members mailing list