[Ossm-members] Септември 2006 - месец на GNU/Linux во Битола
Aleksandar Balalovski
gemidjy at lugola.net
Tue Aug 29 18:59:26 UTC 2006
Здраво на сите членови. Ај официјално соопштение за идниот проект на Лугола,
ама ќе пастирам од официјалната страна на групата.
Прекрасни вести за сите љубители на слободниот софтвер и корисници на
GNU/Linux - Лугола преку нејзиното активно членство,а во соработка со Интегра
Инжинеринг и дел од нејзините се почести и поблиски соработници, оваа година
(2006та) месец септември го прогласија за месец на GNU/Linux во Битола. За
таа цел, подготвени се низа настани кои ќе земат место во текот на месец
септември со што ќе се одбележат редица значајни датуми и на корисниците ќе
им се обезбеди поквалитетна поддршка и едукација.
Редица случувања и настани ќе го обележат месецот на GNU/Linux во Битола.
Отворањето на целиот настан ќе се случи во Петок (01 Септември) со куса
презентација на целите и идеите на Лугола и проследување на филмот
„Revolution OS“, а во просториите на Интегра Инжинеринг во Бизнис Центарот на
улица „Жикица Јовановиќ Шпанец“.
Повеќе на http://www.lugola.net/
На 23/Септември ќе има прослава на Денот на слободен софтвер во Битола -
такашто фина би било што помасовно присуство на одбележувањето на настанот и
учество во презентациите и од членови на оССМ. Досега Уфо само пројави желба
(почит!) за презентирање на проектите на македонскиот тим за локализација на
GNOME - Гномк. 23ти паѓа сабота, а детали за програмата на самиот настан ќе
соопштиме дополнително.
Поздрав
--
f u cn rd ths, u cn gt a gd jb n cmptr prgrmmng.
More information about the Ossm-members
mailing list