[Ossm-members] FireBird & Qt
Dean Josevski
dean at integraeng.com.mk
Wed Feb 1 17:11:26 UTC 2006
На Wednesday 01 February 2006 17:43, Дамјан напиша:
>
> Не може некој да го има тек така драјверот...
>
> Него, имаш две опции:
> да ги користиш Qt класите за работа со бази, во кој случај ти треба Qt
> драјверот за firebird/interbase, што значи дека ќе треба да го
> искомпајлираш или само драјверот или цел Qt (./configure --qt-sql-qibase).
Ааа,ха... :)
Само за да ми биде појасно:
Дали можеш да ми кажеш каде да го најдам драјверот за firebird/interbase за да
го ископмпајлирам (зашто искрено неможам да најдам).
И едно мало потпрашање кога веќе си тука: ;)
Доколку го искомпајлирам Qt, после за да ја инсталирам програмата на друг
компјутер претпоставувам дека ќе треба и на тој компјутер да го компјалирам
цело Qt. Доколку сум во право поедноставно би било да го имам драјверот и да
го искомпајлирам?
>
> Друга опција e да си ги користиш C библиотеките од firebird... не мора да
> ги користиш Qt класите ...
Некако полесно ми е со класите, зашто досега ги користев со МySQL, па затоа се
држам до таа опција.
>
> Во двата случаи мора да имаш инсталриано firebird библиотеки и header-и
> итн.
Колку што знам, тоа го имам, зашто го имам инсталирано
FirebirdSS-1.5.2.4731-0.i686.rpm паќетот, но доколку ми треба уште нешто, ако
не тие тешко пиши ми.
>
> > P. S. Бидејќи сега сакам да почнам со креирање на апликацијата,
> > размислувам и за PostgreSQL.
>
> не му фали ништо
>
> > Мислам (поточно читам) дека се подобрил во брзина, а ги задржал сите
> > останати перформаси, unicode и сл. (MySQL не ми брка работа заради немање
> > трансакции. InoDB се многу бавни.)
>
> Чим си дошол до заклучок дека InnoDB ти се многу бавни, за твојот проблем
> знаеш многу повеќе од било кој друг овде... јес да ми е суњиво ова што го
> кажуваш, али ај.
Извини ако навредив нечие искуство или знаење, затоа пасусот го започнав со
„Мислам„, а за посигурно ставив во заграда „поточно читам“.
Затоа и напомнав дека сега сакам да започнам со креирање на апликација и бирам
база којашто подолгорочно ќе ми одговара.
Затоа и замолив за мислење и за PostgreSQL, затоа што имам само туѓо мислење.
Поздрав,
--
Деан Јошевски
Интегра инженеринг - Битола
ул. Стреја Нахмијас 5 / 21
7000 Битола
тел.: 047 202 990
тел./факс: 047 202 995
www.integraeng.com.mk
More information about the Ossm-members
mailing list