[Ossm-members] FireBird & Qt
Дамјан
penguinista at mail.net.mk
Wed Feb 1 17:34:29 UTC 2006
> Дали можеш да ми кажеш каде да го најдам драјверот за firebird/interbase за
> да го ископмпајлирам (зашто искрено неможам да најдам).
си доаѓа со source-от од Qt-то.
> Доколку го искомпајлирам Qt, после за да ја инсталирам програмата на друг
> компјутер претпоставувам дека ќе треба и на тој компјутер да го компјалирам
> цело Qt. Доколку сум во право поедноставно би било да го имам драјверот и
> да го искомпајлирам?
Во секој случај на другиот компјутер треба да имаш бинарно компатибилно Qt,
ама ова е сосема нова тема :)
> Колку што знам, тоа го имам, зашто го имам инсталирано
> FirebirdSS-1.5.2.4731-0.i686.rpm паќетот, но доколку ми треба уште нешто,
> ако не тие тешко пиши ми.
е тоа не знам, нит сум инсталирал firebird нит користам Mandrake, Fedora? што
користиш?? Обично во горниве треба да се инсталира и некој
FirebirdXXX-devel-YYY.rpm пакет.
>> Чим си дошол до заклучок дека InnoDB ти се многу бавни, за твојот проблем
>> знаеш многу повеќе од било кој друг овде... јес да ми е суњиво ова што го
>> кажуваш, али ај.
>
> Извини ако навредив нечие искуство или знаење, затоа пасусот го започнав со
> „Мислам„, а за посигурно ставив во заграда „поточно читам“.
>
> Затоа и напомнав дека сега сакам да започнам со креирање на апликација и
> бирам база којашто подолгорочно ќе ми одговара.
>
> Затоа и замолив за мислење и за PostgreSQL, затоа што имам само туѓо
> мислење.
MySQL е dead easy за користење и за неа ќе најдеш одличен support секаде, Qt,
PHP, Python итн итн. Било каков муабет за наводна спорост на MySQL-от/InnoDB
не ти прави разлика... пошто дури и да е така, тоа тешко дека ќе дојде до
израз во апликацијата која ја правиш.. Или пак од друга страна, без сериозно
студирање на базата која ќе ја користиш и оптимизирање на структурите и
начинот на работа баш за таа база, било која база може да ти биде спора...
ако ти е дотолку гломазен проектот (а не верувам).
Мислам дека правиш premature optimisation, што е тотално непотребно (.. is the
root of all evil).
Е сега не сакам да сугерирам да не се занимаваш со Firebird или Postgresql...
ако идејата ти е да научиш - go for it, ако целта ти е да ја направиш
апликацијата вчера, најпаметно е да идеш со MySQL.
ps.
Иначе само како референца, Google Adsense работи на MySQL бази... замислете
колку огромна апликација е тоа... а не ни користат InnoDB!!! Секогаш има друг
начин на размислување :)
pps.
Ако користеше Python и евентуално PyQT или пак PyGTK, можеш да пробаш и Durus
или ZODB кои се чисто објектни бази, т.е. објектите од апликацијата директно
ги сочувуваш во база.
--
дамјан ( http://softver.org.mk/damjan/ )
It is easier to fix Unix than to live with NT.
More information about the Ossm-members
mailing list