[Ossm-members] VPN
Georgi Stanojevski
georgis at unet.com.mk
Thu Feb 23 19:18:37 UTC 2006
Зоран Димовски напиша:
> се однесуваат како firewall и како gateway заедно со NAT. Е сега јас треба
> да направам од внатрешната мрежа кај што е точка А да се поврзуваат преку
> VPN на точка Б, исто на компјутер на внатрешната страна на точка Б.
OpenVPN е поприлично лесно да се намести. Имаш бинарни пакети за Слеквер
од linuxpackages.net (openvpn и lzo ти требаат).
Пробај да го следиш упаствово.
http://www.debian-administration.org/articles/35
Додавајќи плус само статичка енкрипција. Генерираш на едниот компјутер.
openvpn --genkey --secret /etc/openvpn/secret.key
Ја снимаш добиената датотека на другиот компјутер.
И додаваш --secret /etc/openvpn/secret.key кога го стартуваш openvpn
како што ти кажува упаството.
Кога ќе ти проработи се правиш конфигурациски датотеки во
/etc/openvpn/mrezhaa.conf и mrezhab.conf на другиот компјутер.
Ако ти се мрежите со адсл (динамички ИП) земи си хостнејм од no-ip.com
за двата.
За само еден компјутер од мрежата Б да биде во ВПНот или играј си со
рутите и со фајрволовите или на компјутерот од мрежатаБ стави го едниот
крај на VPN-от. Само ова појма неам како би профункционирало, а и плус
ако во иднина сакаш и друг компјутер од мрежаБ да ти влезе во игра ќе
треба нови заебанции да праиш.
Па пиши што си направил. :)
--
Glisha
The perfect OS, MS-DOS!
No patches, no root exploits for 21 years.
More information about the Ossm-members
mailing list