[Ossm-members] Предлог

Dean Josevski dean at integraeng.com.mk
Wed Jul 12 19:49:42 UTC 2006


On Tuesday 11 July 2006 20:07, Aleksandar Balalovski wrote:
> Ова на некого може да му делува претенциозно и лижаторски, но верувајте не
> е така, следува предлогот:
>
> Нешто споменале на ТВ за тоа дека ВМРО-ДПМНЕ (која победи на изборите) го
> споменала договорот на МКД со МЅ како лош и штетен.
>
> Дали не сметате дека заедницата треба повторно да го актуелизира проблемот,
> со што дискусии со идната влада и нивните министерства може да доведат до
> решавање на овој проблем и полесна имплементација на проектот на UNDP во
> врска со локалната самоуправа, дискутиран две-три нишки погоре.
>
> Иако ова делува како Утопија, идејата е да се проба, а? Се надевам нема да
> ја сј*бите како идејата со типот што сакаше да помогне на оССМ со Убунту
> цдњата..
>
> Александар

Мислам дека идејата ти е во ред. Доколку видиш некои од написите во весници 
блиски на ДПМНЕ, ќе можеш да забележиш дека тие уште пред неколку години 
укажуваа на следниот факт:

Во време на ДПНЕ (пред повеќе од 6 години), од MS било барано да лиценцираат 
8000 компјутери. Наводно екипата на Груевски лиценцирала „само“ 1800, за да 
задоволи барем дел од притисоците. 

Од таму и броката 6200 (компјутери во администрацијата) кои биле лиценцирани 
во времето кога Црвенковски веше премиер.

Доколку за ова ви треба писмен доказ. Мислам дека весникот со овие информации 
го чувам некаде, па ако инсистирате и ако цените дека може да користи пишете, 
па ќе го побарам. 

Поздрав,
Деан Јошевски



More information about the Ossm-members mailing list