[Ossm-members] firefox & thunderbird 2.0 на македонски

novica at bagra.org novica at bagra.org
Sat Jul 22 17:04:34 UTC 2006


Па... процесот на локализација на новите верзии е во тек. 
Не знам до кај сме за да пишам сега - пошто скриптата која 
дава информации за статусот на интернет е нешто падната... 
но кај и да е ќе има бета верзии за тестирање, и ваљда 
заедно со остатокот од светот некаде на 15 септември 
(мислам таа дека е датата) ќе се појават официјалните 2.0 
верзии на FF и TB на македонски.

Дамјан ваљда ќе извести овде кога ќе се појават првите 
верзии за да ги истестираме. Додуше, мислам дека се ќе 
помине глатко, пошто и така немаше многу работа околу 
новиве верзии, но со мозила никогаш не се знае. :)

Втората работа за која што сакав да напишам е следново: 
мислам дека дојде времето локализацијата на ФФ и ТБ да ја 
преземат млади сили. Ова значи дека отвараме конкурс за 
нови идни одржувачи на преводите кои би ја преземале 
функцијата штом ќе се појави официјалниот 2.0. Не знам 
дали ќе се најдат такви луѓе, па што да речам освен 
зборнете натаму-наваму, пишете по некој блог и сл. да 
видиме дали има заинтересирани. Добро би било ако има 
некој заинтересиран да се вклучи во крајните фази од 
издавањето на 2.0 за да научи барем некое трикче.

Ваљда јас ќе напишам еден подолг текст на тема 
локализација на мозилини апликации на блог, па ќе може да 
стои и за идна референца.

Ете тоа.

-- 
Новица



More information about the Ossm-members mailing list