[Ossm-members] оссм известување: инсталфест 15-16 април

Новица Наков novica at bagra.org
Mon Mar 27 16:57:52 UTC 2006


До кај стигнавме со ова? Да пишам што мислам и сл.

0. Име на настанот? Пошто нема да биде само инстал фест а? :)

1. Датум: 15 и 16 арпил, (освен ако нешто сериозно не се сјебе :)).

2. Место: Народна техника. Изнајмувањето на салата во НТ ќе чини околу 4000 
денари. Официјално писмо ќе испратиме до нив доколку луѓето од Погон кои веќе 
користат простор таму и имаат инфраструктура се сложат да ја споделат со нас. 
Доколку не се сложат треба да ре-евалуираме дали вреди да платиме 4000 ден. 
за празна сала. Предлози за резервни опции, заради можен лош исход, се 
добредојдени. Со Погон треба да разговараме деновиве. Очекувам дека некој ќе 
ми прави друштво кога ќе треба да се оди следниот пат таму.

3. Распоред на активности: треба да го договориме детално, особено за 
презентациите. (Додуше треба повеќе работи да договориме делтано во секој 
случај.) Предлагам уште утре попладне таск форсот да се најде некаде во град 
и да склопи еден акционен план. :)

4. Интернет: Некој тип се понудил да ни даде за настанот (Уфо рече). Ама и 
Погон имаат, така што тука ако се оди како што треба океј сме. 

5. ISO-ата ќе ги имаме така? Инсталирачи ќе дојдат? Кој за што? Ајде пријавете 
се. 

6. Со промотивен материјал што предлагате освен постери и флаери? Јас и Игор 
зборевме да направиме онакви големи нешта на хамер (како во школо што 
правевме - со дрвца и се) со некои побитни работи на нив - таман ќе можеме да 
ги користиме и за други работи.

7. ....

-- 
Новица

An eye for an eye
makes the whole world blind.



More information about the Ossm-members mailing list