[Ossm-members] Филм
Misa Popovic
popmisa at gmail.com
Wed Nov 8 19:22:04 UTC 2006
Ко што напишав претходно...
Ако ние не се нафаќаме да го направиме филмот, тогаш 250 евра и не се
многу, а истовремено ќе треба да ги оставиме филм мејкерите со свои
алатки да го направат филмот.
Но тоа не значи дека нема да има место за критика што не е направен со
алатки на слободен софтвер, бидејќи, на крајот на краиштата, ОССМ ќе
го продуцира филмот.
Битното е дека филм би било добро да се има...
Но ако ти си присуствувал на работилница каде ти рекле дека Синелера
не е доволно добра, тогаш тоа е само едно гледиште. Јас, заедно со
Новица и Дамјан имам на пример присуствувано на едно предавање каде
еден дечко чуда правеше со слободен или фривер софтвер. Употреби и
Синелера и Кино и Вингс и Блендер и уште многу други за да ни покаже
што, кога се знае, може да се направи со слободен или бесплатен
софтвер. На крајот на краиштата, како што стои и во текстот,
апликациите се „доволно добри".
Целава дискусија ме инспирираше филмот кој сега го работам, паралелно
да го измонтирам во Синелера и тоа како почетник, и да видам колку ќе
заостанува - технички, крајниот продукт позади дефинитивната верзија
која ангажираниот монтажер ќе ја направи у некоја пропраетери алатка.
Ако воопшто тоа се случи и го направам тоа, ќе ви организирам
проекција и на двете верзии па после ќе збориме ;-)
Не ме разбирај погрешно. Неќам да саботирам ништо, туку прашањето за
користење алатки кои се слободен софтвер го поставив чисто од
идеолошки причини и тоа условени само ако ОССМ го продуцира филмот.
More information about the Ossm-members
mailing list