[Ossm-members] „OpenSuSE“ на Македонски

Зоран Димовски zoki.dimovski at gmail.com
Fri Nov 17 08:04:34 UTC 2006


Igor Stamatovski wrote:
> Макар што мислам дека преведувањето на опенСУСЕ е во најмала рака 
> контровеерзно. Така што треба малку да размислиш а и ние да се 
> координираме пред да продолжиш со преведување. Така што моја препорака 
> е да запреш со преводите додека не се договориме со консензус.
За каков концензус би станало збор?

>
> Зошто е тоа контроверзно?
>
> Затоа што Неоком е официјален дистрибутер за СУСЕ во МК, и сега 
> најверојатно ќе испадне ние повторно да има ја завршиме работата а на 
> крајот Слободен Софтвер Македонија и заедницата да не добие ништо од тоа.
Во право си,  размислував за таа тема но јас не верувам дека ние ќе 
добиеме било каква помош од Неоком. Може да пробаме де.
Неоком моментално дистрибуира SLES 8 (x86) и SLES 7 и сите други 
застарени производи од SuSE - сега на пазарот е SLES 10. Тие ако се 
сериозна компанија ќе ставеа и SLED и ќе ги снабдуваат купувачите со 
најновите верзии на SuSE, а јас како што гледам тие не се баш нај нај за 
ова да речам затоа не очекувам многу од Неоком.
Мислам дека ако добро ги одиграме картите можеме и ние и Неоком да имаме 
придобивки од целава ова работа.
Преводите кои јас ги преведувам имаат разлика со SLES и SLED и openSUSE. 
тоа што го содржи openSUSE го содржат и другите. Но, има многу работи 
кои ги има во SLES и SLED кои што ги нема во openSuSE, така да тие 
никогаш нема да имаат 100% македонска дистрибуција - ако не почнат да 
дистрибуираат openSuSE но немаат поддршка од Новел а и никогаш нема ни 
да имаат затоа што openSuSE е на заедницата и воглавно таа го развива 
(нормално со помош на Новел). Ако тие мислат да дистрибуираат openSuSE 
тие не се партнери со Новел т.е. официјални дистрибуери затоа што за 
openSuSE немаш никаква поддршка од Новел.
Разбираш што е работата?
Затоа мислам дека Неоком нема да помогне во овој процес, исто како и 
било која фирма. Затоа треба ние самите да си гледаме што е најдобро.
Еве да кажам прост пример - јас преведувам Мандрива пошто сметам дека е 
многу полесна за користење за обичниот корисник и е мнооооооогу полесна 
за користење од Кубунту и Убунту, значи за обичен корисник не за мене, 
не за вас туку за пошироката маса. А не, јас добивам коментари од типот 
„абе никој не користи мандрива уште имат рпм“ - и ајде сега јас ќе ја 
преведам мандрива и сите ќе ќутеме и ќе викаме шо си ја преведувал 
мандрива не ја бива. Истото ќе се случи и со OpenSuSE. Сами се јадеме па 
потоа бараме помош од други. Треба да почнеме ние да си ја мене сржта 
како организација, мислењето за одредени работи ако сакаме да успееме а 
не постојано да обвинуваме други.
Сме изгориле еднаш, двапати и знае се веќе НИКОГАШ ПОВЕЌЕ. Ако уште 
еднаш не издубат значи ние сме стварно глупави, така?
Најголем придонес за преведувањата на ОпенОфис има Слободен Софтвер на 
Македонија а нас не издупија и не залажија со јадење и пиење во 
Метаморфозиз на маратонот.
Треба да не и срам, не излажаа како мали деца!
т.е. нешто вака:
Метаморфозис: Сакаш лижавче?
ОССМ: Сакам!
Метаморфозис: На!
ОССМ: Лелеееее лижавче, ќе има шо да лижаааам.
Метаморфозиз: Лижи лижи, ама дај ми го стапчето кога ќе завршеш.


Колку има луге кои сериозно работат во организацијата - отприлика 10 
така? Се знаеме кои сме. Да се седне да се координираме асално и да се 
стегнеме друго ќе е.
Ама кога ќе биде тоа, тоа е ГОЛЕМ ЗНАК ПРАШАЛНИК АКО МЕ ПРАШАШ МЕНЕ.

> Затоа подобро да ги преведеш оние ДРМ текстовите во меѓувреме а ние 
> официјално да контактираме со Неоком и да ги прашаме дали ќе донираат 
> нешто за ОССМ, а ние и онака за возврат ќе го локализираме опенСУСЕ.
>
> Мислам дека повторно ќе се случи безобразно шлепање како со ОпенОфис 
> 1.0. А на ОССМ и се потребни тие средства за кампањи и ширење на 
> знаењето во јавноста за придобивките, за значењето, за моќта  и 
> важноста на слободниот софтвер. 
Па фала богу дека ќе се случи ако ние не го спречиме тоа нели. или само 
ќе седеме со скрстени раци и ќе коментираме.
НИЕ треба да правиме а не другите.

Се согласувам со целото тоа што го велиш, факт е дека прво треба да 
поченеме од нас па потоа да обвинуваме некој друг и за тоа нема 
оправдување кога некој ќе те заебе.
Јас моментално ќе прекинам со преводите, но сакам да слушнам што мислат 
повеќе од народот за ова. Ајде давајте предлози, што како па да видеме.

Поздрав, Зоки.



More information about the Ossm-members mailing list