[Ossm-members] „OpenSuSE“ на Македонски

Зоран Димовски zoki.dimovski at gmail.com
Mon Nov 20 21:25:28 UTC 2006


Новица Наков wrote:
> Можеме да контактираме било кого (ако сакате и Новел директно) тоа не 
> е проблем. Но тоа ќе го направиме само ако Зоки се изјасни дека така 
> сака.
>   
како што кажав не можеме да контактираме со НИКОЈ затоа што OpenSuSE е 
проект
на заедница а не на Новел. Новел обезбедува средства и го поддржува 
проектот,
но Новел никаде не инсталира OpenSuSE. Ние можеме да контактираме со 
Неоком,
доколку сакаат да помогнат ок.
Сега за каква помош би станувало збор не е важно, битно дека е помош.
Може да пробаме, јас лично не се надевам.


> Јас мислам дека е нонсенс да се фура филм овој ќе профитира, оној ќе 
> профитира. Секој некогаш, некаде профитира бидејќи нели тоа е поентата 
> на капитализмот.
>   
Да де, оти ние гледам што преведуваме се збогативме :)
имам куќа на Водно :) :)

> Дали треба волонтерски да се преведе опенсусе или не, е прашање на кое 
> треба да се даде одговор од повеќе страни: 1. Колку корисници на 
> опенсусе има во македонија?
> 2. Ако се многу, зошто сами не го прават тоа? Ако се малку, тогаш 
> можеби не се исплати да се прави тоа и можеби треба да се прави нешто 
> каде што има повеќе корисници.
> 3. Дали имаме поважни активности на кои им треба човечка сила во овој 
> момент.
>   

Ајде да ги одговореме овие прашања може?

> На крај, мислам дека одлуката околу тоа како да се продолжи по ова 
> прашање треба да биде на Зоки (или во иднина било кој друг кој ќе му 
> текне нешто вакво)
Јас сум секогаш бил за разговор. Да продолжиме. Јас стопирав со 
преведување додека не се договореме.
Ајде било што, дали средба, дали предлози, одговори на горенаведените 
прашања.
Или пак ајде во четврток во 8pm на #lugola @ freenode.org сите што имате 
да кажете нешто,
дали се тоа предлози, критики, дали сте за преведување на OpenSuSE или 
пак НЕ.
Може и сите кои што преведеуваат некоја дистрибуција да дојдат и да се 
изјаснат до каде се со работа.
Кои се тие дистрибуции кои се преведуваат моментално. Кој има да каже 
нешто нека се вклучи.
Ако никј не се вклучи или не каже ништо на ова праша во четврток на 
#lugola јас ќе продолжам со преведување.

Добро ќе се биде да се собореме и да се договореме и за други клучни 
прањата, како на пример
кој што преведува во моментот и да се направи една листа и да се знае 
кој што прави.
До каде се стасани тие проекти или слично. Прашањата сами по себе 
никнуваат.


Поздрав, Зоки.



More information about the Ossm-members mailing list