[Ossm-members] Konferenija

Nikola Horvatovic info at sajberfon.com.mk
Tue Oct 10 15:02:28 UTC 2006


> Здраво
>
> ТА ДА ДА ДАМ
>
> Ви испраќам нацрт план за организирање
> на конференција за слободен софтвер.
> Организатор сме ние ;)
>
> Договорот од последниот состанок во Пјаца
> беше да се организира конфернција за слободен
> софтвер негде во втората половина од ноември.
>
> Пишав нешто па барам јавно линчување т.е.
> коментари, идеи, пропсти ....
>
> Златко денес треба да стави wiki па дискусијата
> после ќе ја префрлиме таму.
>
> Врската до документот е:
> http://chombium.awardspace.com/files/konf/nacrt_plan.pdf
>
> ПОЗДРАВ, Чомбе

Здраво,
и поздрав за добрата идеја, но мислам дека тајмингот не е баш најповолен,
со оглед на краткото време (еден месец) за организирање на конференција од 
ваков тип.
Како основно, потенцијалните спонзори прв пат ќе слушнат за ваков вид 
конференција,
и бидејќи истата не е ставена во нивниот буџет за оваа година, тешко ќе оди.
Целната група ќе треба строго да се утврди, како воопшто гласот на Слободен 
Софтвер
би допрел до вистинските или потенцијални корисници, кои ќе имаат моќ да 
влијаат за поголема примена на
слободниот софтвер.
Се согласувам дека моментот за промоција е вистински, но сепак се прибегнува 
кон PR методите
на комерцијалните софтверски куќи, што мислам дека не е во основата на ОССМ.
Предлагам, доколку има расположение, за повторна средба во поширок состав, 
избор на работна група
која ќе се нафати за организација на конференцијата и размена на мислења 
откако на листава секој ќе искаже
позитивни или негативни ставови по прашање на организирање на ваков настан.

Искрен поздрав,

Никола Хорватовиќ
Сајберфон д.о.о. 





More information about the Ossm-members mailing list