[Ossm-members] Konferenija

Jovan Kostovski chombium at gmail.com
Tue Oct 10 18:20:56 UTC 2006


Фала на поддшката ;)

Знам дека времето е кратко за организирање и јас
лично сум против да бие следниот месец. Немаме
време да организираме се. Датумот го спомна Уфо
демек некој од RedHat од Грција му кажал дека
имаат вишок пари па сакаат да ни ги дадат нам за да
организираме нешто + да дојде нивен предавач.

Затоа и во документот не е спомнат датум на одржување
на конференцијата, туку го напишав само во пораката.

Работна група за орагнизирање на конференцијата мора
да се формира, да се дефинираат задачи, да се дадат
одговорности и да се дефинираат рокови.

Хонорари за предавачите не наведов од едноставна причина
што ОССМ на сметка нема средства, а во моментов не знаем
колку средства би собрале за организирање на настанот и колку
ни се потребни. Кога ќе го правиме проектот, може да ги додадеме
и хонорарите за предавачите во финансиската конструкција.

Котизацијата е инрересен предлог, но малку е ограничувачки бидејќи
сите што сакаат да дојдат, не сакаат да платат, па нема да дојдат.
Во крајна рака би изгубиле на масовност. Треба да ставиме на кантар
квалитет или квантитет.
Јас сум за воведување на котизација за работилниците, а не и за
предавањата.

ПОЗДРАВ, Чомбе


More information about the Ossm-members mailing list