[Ossm-members] Q&A за активности поврзани со слободен софтвер ( македонија )

Зоран Димовски zoki.dimovski at gmail.com
Wed Oct 18 05:21:46 UTC 2006


Новица Наков напиша:
> Сега зборувам со Златко на џабер и Златко вели дека има полно работи за кои не 
> бил баш во тек. Бидејќи јас не пишував долго време по листиве, а не можам 
> сега да ловам прашања низ стари пораки, повелете, ако имате нешто што сум 
> требал јас да го одговорам (како претседател на Слободен софтвер Македонија), 
> прашувајте сега. :)

Еве за ова така си размислувам некој (подолг) период уште пред да стигне 
твојата пошта на листата :-)
Работи кои не ми се јасни и ги очекувам од оссм како организација:

1. Се зборуваше дека статутот на организацијата е сменет, некој и ми го 
потврди тоа но не се сеќавам.
Каде е тој статут каде може да се прочита?
Јас гледам дека на страницата на оссм сеуште стои тој стариот статут.
Би сакал да го прочитам за да можам да поставувам уште прашања :-)

2. Кои се главните активности на оссм за наредната 2007 година?
Што конкретно би се одвивало во организацијата или сеуште ќе тапка во место?

3. Дали членовите на организацијата сметаат дека треба посериозно да 
функционираат
за придонес на Слободниот Софтвер во Македонија или ќе раскажуваат иста 
приказна?
(има сериозни членови, но се бројат на прсти на една дланка -  па и не 
се членови баш, освен 2-3)

4. Кога ќе почнат да се одвиваат сериозни средби за решавање на „некои“ 
проблеми или
за подобрување на Слободниот Софтвер во Македонија?
Во ова би спаѓало чести средби на членовите (не во кафич иако за 
разонода не е лоша идеја),
донесување на некој план за активностите на организацијата и како тие 
активности би се одвивале во иднина.

5. Што има сработено организацијата во оваа 2006 година?
Значи како организација а не на индивидуално ниво. Иако знам, сепак 
недостасува
нешто како извештај за сработеното ако не барем тоа да се одвива на 
месечен период или повеќе.

Имам уште многу прашања но најпрво сакам да го прочитам новиот статут на 
организацијата.

Поздрав, Зоки.



More information about the Ossm-members mailing list