[Ossm-members] Q&A за активности поврзани со слободен софтвер ( македонија )

Зоран Димовски zoki.dimovski at gmail.com
Wed Oct 18 21:07:46 UTC 2006


Новица Наков напиша:
>> Што конкретно би се одвивало во организацијата или сеуште ќе тапка во
>> место?
>>     
>
> Не знам што сакаш да кажеш со тоа „тапка во место?“.
>   

Тоа значи да „стои во место“.

>> 3. Дали членовите на организацијата сметаат дека треба посериозно да
>> функционираат
>>     
>
> Не верувам дека јас можам да ти одговорам во име на други луѓе.
>   

Јас искрено МНОГУ сакам ОССМ да успее како организација. Но, големо НО, 
доколку
самите членови во организацијата не се сериозни за нивната работа
јас верувам дека ништо нема да постигнеме. До сега повеќе зборувавме
отколку што сработивме. Тоа ми е поентата.


>> 4. Кога ќе почнат да се одвиваат сериозни средби за решавање на „некои“
>> проблеми или
>>     
>
> Кои проблеми? Исрено не можам да одговарам на вакви преопшти прашања. 
>   

Па нема конкретни проблеми затоа пишав „некои“ што се појавиле или ќе се 
појауват.
Не мора да значи дека се проблеми, но еве ги ставам во таа гранка.
Значи еве на пример еден „проблем“ - „Зошто страницата на оссм нема 
постојано ажурирање“
тоа е еден пример.
еве уште едно на пример: „зошто сеуште на страницата на оссм има зборови 
од типот email“
трет пример: „што можеме да направиме да го разработиме форумот на 
linux.net.mk“
и слични работи од овој тип. Може уште да се најдат доколку повеќе луѓе 
би ги искажеле своите
мислења.

>> 5. Што има сработено организацијата во оваа 2006 година?
>>     
> Installfest, предавања, деновиве - воркшоп за УНДП Албанија....
>
> За извештаите се сложувам, веројатно ќе треба да почнеме да ги правиме

Мислам дека добро би било вакви извештаи да се објавуваат официјално на 
страницата на оссм - месечно.
Од друга страна, тука е новата веб страница на оссм, која што по моја 
пресметка веќе се прави пола
година. Значи ова е уште еден „проблем“ - зошто толку многу време се 
развива страницата и дали има некоја
одредена граница до кога треба да се заврши?

Овие работи не мора да ги дискутираме на листа може како и минатиот пат 
на IRC.
На пример месечна средба на канал на IRC, бидејќи оссм нема официјален 
канал можеме
#lugola да го назначиме како таков. Месечно да се даваат теми за 
разговор - може нова ништа за ова да се отвори и да се дискутира.

Сепак сметам дека треба да се има поконкретни планови во работата на 
ОССМ. Доколку немаме зацртани планови,
НИШТО нема да сработиме како што треба.



More information about the Ossm-members mailing list