[Ossm-members] Q&A за активности поврзани со слободен софтвер ( македонија )

Новица Наков novica at bagra.org
Wed Oct 18 23:15:46 UTC 2006


ОК. Ај да пробам да одговорам на сите одеднаш.

Ако добро ме служи сеќавањето во феб. 2005 имавме голем собир на кој што на 
долго и широко дискутиравме разни работи. Полно луѓе беа таму. Тогаш, меѓу 
другото, беше договорено да се реструктурира организацијата за да се избегнат 
разните обврски што произлегуваа од првичниот статус - т.е. Слободен софтвер 
Македонија да се сведе само на некој вид администрација (трчкање на работи 
што никој не сака да ги трчка) додека заедницата да продолжи да си 
фунцкионира онака како што функционира секаде во светот - преку ЛУГ-ови. 

Тогаш, ми се чини, одбравме 3-ца кои требаше да го спроведат ова. Бидејќи со 
овој план ништо не се случи се до есента истата година, јас, Дамјан, Уфо, 
Игор, Стојрир, Глиша и Марко, одлучивме да го спроведеме истиот. Новиот 
статут на организацијата скоро идентичен со тој од ФСФЕ е донесен и 
изрегулиран и се по ред отприлика лани ова време. Формално, членови сме само 
ние од горната реченица - но тоа суштински не менува ништо, бидејќи очигледно 
би требало да биде дека 99% од работите се случуваат на јавнава листа. Според 
статутот сите кои се присутни на листава се бројат како соработници на 
организацијата. (

Точно е страницата доцни, причини има повеќе: сервер нели баравме едно време, 
па хард-диск, па ова, па она и се одолговлекува така работата, но сигурно ќе 
ја биде некој ден. 

Прашањето за тоа што треба да прави Слободен софтвер Македонија за да „успее“ 
веројатно многу зависи од перцепција. Јас на пример не мислам дека 
организацијта треба да се грижи да проработи форумот на линукс.нет.мк.

AFAIK, сите овие формално-правни работи треба да бидат секундарни во целава 
работа. Тоа што е направено е направено во основа за да не мора сите луѓе да 
се замараат со тоа дали завршната сметка некој ја направил, кој треба да ја 
прави и сл. Се разбира, ако некој мисли дека неправедно е лишен од учеството 
во тие активности, јас прв и одма му го отстапувам своето место.

Од друга страна, како што ми се чини мене, никој (како и до сега, како и од 
сега) не спречил никого да _прави_ работи за заедницата, за Слободен софтвер 
Македонија, за Лугола или за било што друго.

Ако некој сака да помогне да се направи новата страница, нека крене два прста. 
Ако некој сака да го заживее форумот, нека оди нека пишува таму. Ако некој 
сака во другата година да има други активности, нека каже кои. Или уште 
подобро, нека каже што е спремен _тој самиот_ да прави.


-- 
Новица

An eye for an eye
makes the whole world blind.



More information about the Ossm-members mailing list