[Ossm-members] Q&A за активности поврзани со слободен софтвер ( македонија )

Bozidar Proevski bobibobi at freemail.com.mk
Thu Oct 19 10:17:37 UTC 2006


On Thursday 19 October 2006 01:15, Новица Наков wrote:
> ОК. Ај да пробам да одговорам на сите одеднаш.
>
> Ако добро ме служи сеќавањето во феб. 2005 имавме голем собир на кој што на
> долго и широко дискутиравме разни работи. Полно луѓе беа таму. Тогаш, меѓу
> другото, беше договорено да се реструктурира организацијата за да се
> избегнат разните обврски што произлегуваа од првичниот статус - т.е.
> Слободен софтвер Македонија да се сведе само на некој вид администрација
> (трчкање на работи што никој не сака да ги трчка) додека заедницата да
> продолжи да си фунцкионира онака како што функционира секаде во светот -
> преку ЛУГ-ови.
>
> Тогаш, ми се чини, одбравме 3-ца кои требаше да го спроведат ова. Бидејќи
> со овој план ништо не се случи се до есента истата година, 

Зошто??? Што им беше на тие тројца? Јас ако се сеќавам добро тројцата беа 
Новица, Уфо и Зоки. Во долната листа само Зоки не го гледам?

> јас, Дамјан, 
> Уфо, Игор, Стојрир, Глиша и Марко, одлучивме да го спроведеме истиот.
> Новиот статут на организацијата скоро идентичен со тој од ФСФЕ е донесен и
> изрегулиран и се по ред отприлика лани ова време. 

Зошто ништо не беше кажано на листата? (освен ако сум пропуштил нешто, ама за 
ваква работа не верувам!)

> Формално, членови сме 
> само ние од горната реченица - но тоа суштински не менува ништо, бидејќи
> очигледно би требало да биде дека 99% од работите се случуваат на јавнава
> листа. Според статутот сите кои се присутни на листава се бројат како
> соработници на организацијата. (

Барем да си го знам статусот, оти сите ме прашувааат, па викам „Да бе, член 
сум“. Добро е, не сум.

> Точно е страницата доцни, причини има повеќе: сервер нели баравме едно
> време, па хард-диск, па ова, па она и се одолговлекува така работата, но
> сигурно ќе ја биде некој ден.

Ова како предизборно ветување...

> Прашањето за тоа што треба да прави Слободен софтвер Македонија за да
> „успее“ веројатно многу зависи од перцепција. Јас на пример не мислам дека
> организацијта треба да се грижи да проработи форумот на линукс.нет.мк.
>
> AFAIK, сите овие формално-правни работи треба да бидат секундарни во целава
> работа. 

Па и не се баш секундарни (особено ако сакаме некој да нѐ свати сериозно)

> Тоа што е направено е направено во основа за да не мора сите луѓе 
> да се замараат со тоа дали завршната сметка некој ја направил, кој треба да
> ја прави и сл. Се разбира, ако некој мисли дека неправедно е лишен од
> учеството во тие активности, јас прв и одма му го отстапувам своето место.

Не, фала.

>
> Од друга страна, како што ми се чини мене, никој (како и до сега, како и од
> сега) не спречил никого да _прави_ работи за заедницата, за Слободен
> софтвер Македонија, за Лугола или за било што друго.
>
> Ако некој сака да помогне да се направи новата страница, нека крене два
> прста. Ако некој сака да го заживее форумот, нека оди нека пишува таму. Ако
> некој сака во другата година да има други активности, нека каже кои. Или
> уште подобро, нека каже што е спремен _тој самиот_ да прави.

Поздрав Боби


More information about the Ossm-members mailing list