[Ossm-members] Q&A за активности поврзани со слободен софтвер ( македонија )

Дамјан penguinista at mail.net.mk
Thu Oct 19 20:32:52 UTC 2006


> 1. Се зборуваше дека статутот на организацијата е сменет, некој и ми го
> потврди тоа но не се сеќавам.
> Каде е тој статут каде може да се прочита?
> Јас гледам дека на страницата на оссм сеуште стои тој стариот статут.
> Би сакал да го прочитам за да можам да поставувам уште прашања :-)


Статутот се смени затоа што се покажа дека стариот беше невозможно да се 
задоволи. Стариот статут претпоставуваше функционирање на 3-4 тела на 
организацијата (кои реално не функционираа и беа сочинети од луѓе кои не сме 
ги виделе, можда 3 годнини) итн. 
За да не ни се деси „статутна криза“ новиот статут е многу поедноставен и IMHO 
предвидува постоење само на управен одбор од тројца (претседател, 
потпретседател и секретар - Новица, ја и Уфо - така ли беше!??).

Другото во статутот не е сменето, IMHO.

Само да напоменам, дека пред да се смени статутот имаше неколку обиди да се 
вклучат што повеќе луѓе по што беше и тој состанокот на кој присуствуааа 
разни луѓе и на кој беше договорено дека ќе се мења, но после тоа пак ништо 
не се деси неколку месеци пошто немаше кој да го направи новиот статут нити 
да ги заврши административните работи.
Неколку месеци после тоа, пак беа свикани неколку состаноци, за кои немаше 
НИКАКОВ интерес и на кои не се појави скоро никој, и кончено на тие состаници 
решивме дека што е доста, доста е. Јас, Новица и уште некој, собравме нешто 
пари (како по обичај) и Новица се мафташе по судови и што ти ја знам, и ја 
завршивме таа работа.

Новиот статут би требало да го има негде во електронска форма, но во краен 
случај кај Новица е оригиналот кој е однесен во суд. Ако некој мисли дека ова 
Е МНОГУ ВАЖНО, ќе го скенрираме и ќе го видите... Иако... 
{much ado about nothing?!?}

Ако некој мисли дека е оштетен од целава оваа работа, јас ОДМА се откажувам од 
мојата „позиција“, па ќе можеме да одлучиме кој да биде.... Уствари.... ако 
има било кој да е кандидат одма се откажувам, пошто ионака мојата „позиција“ 
обично значи вадење пари од џеп кога треба и отприлика толку е. {Глиша ова е 
одговор и на твоето прашање - парите се ОД мојот и на Новица џебот}.


IMHO - in my humble opinion
AFAIK - as far as I know

-- 
дамјан ( http://softver.org.mk/damjan/ )

Actually, Microsoft is sort of a mixture between the Borg and the Ferengi.



More information about the Ossm-members mailing list