[Ossm-members] Q&A за активности поврзани со слободен софтвер ( македонија )

Зоран Димовски zoki.dimovski at gmail.com
Thu Oct 19 20:30:50 UTC 2006


Дамјан напиша:
> Само да напоменам, дека пред да се смени статутот имаше неколку обиди да се 
> вклучат што повеќе луѓе по што беше и тој состанокот на кој присуствуааа 
> разни луѓе и на кој беше договорено дека ќе се мења, но после тоа пак ништо 
> не се деси неколку месеци пошто немаше кој да го направи новиот статут нити 
> да ги заврши административните работи.
>   

Добро се сеќавам на тој настан, на крај беше донесено Новица да го среди 
новиот статут,
а требаше јас да трчкам по судовите заедно со Златко. Така беше договорот.
Во тој момент чекав да се заврши статутот...

> Неколку месеци после тоа, пак беа свикани неколку состаноци, за кои немаше 
> НИКАКОВ интерес и на кои не се појави скоро никој, и кончено на тие состаници 
> решивме дека што е доста, доста е. Јас, Новица и уште некој, собравме нешто 
> пари (како по обичај) и Новица се мафташе по судови и што ти ја знам, и ја 
> завршивме таа работа.
>   

Искрено, јас не се сеќавам дека имало состаноци. Беше договорено да ми 
се јави Новица
за да продолжам по судовите. Или навистина заборавам или
пак не сум бил контактиран за да ја дадам мојата поддршка  :)

> Ако некој мисли дека е оштетен од целава оваа работа, јас ОДМА се откажувам од 
> мојата „позиција“, па ќе можеме да одлучиме кој да биде.... Уствари.... ако 
> има било кој да е кандидат одма се откажувам, пошто ионака мојата „позиција“ 
> обично значи вадење пари од џеп кога треба и отприлика толку е. {Глиша ова е 
> одговор и на твоето прашање - парите се ОД мојот и на Новица џебот}.
>   

Никој не е спомнал дека некој е оштетен или било што. Јас поставив 
неколку прашања
и добив одговори. Не е дека некој се бори за „позиција“  :) .
Ако ме прашаш мене јас се борам за подобрување :) , во било кој аспект.
Што се однесува до вадењето од џебот, исто, никој не кажа, и пак ќе 
кажам - никој
не ме информираше (јас чекав) и јас ќе сум дал пари.

> IMHO - in my humble opinion
> AFAIK - as far as I know

 добро би било
СМСМ = Според Моето Скромно Мислење
КШЈЗ = Како Што Јас Знам

Поздрав, Зоки.



More information about the Ossm-members mailing list