[Ossm-members] Od vcerasniot sostanok

Jovan Kostovski chombium at gmail.com
Mon Oct 23 11:56:14 UTC 2006


Здраво,

На вчерашниот состанок во Пјаца, присунтни бевме
Јас, Златко, Глиша, Уфо, Божидар и Жаклина.

Правевме муабет за формирање на скопски ЛУГ.

Еве што се договоривме:

1. Почесто, поредовно и во поглем број да се среќаваме и да
дискутираме за активностите поврзани за FLOSS кои ги правиме.
2. Да се формира ЛУГ во Скопје
3. Името ќе биде "02 LUG" (ако имате некои поинтересни предлози кажувајте)
4. Сајтот ќе биде www.linux.net.mk
5. Треба да се најде човек кој ќе ги координира активностите во ЛУГот
6. Отворањето на ЛУГот да биде со организирање на geek конференција на
пролет. Конференцијата би имала фокус на практична примена на решенија
базирани на слободен софтвер, а не да се фокусира на општествените
аспекти на FLOSS (предавања од типот, што е слободен софтвер и слични
на него), нешто слично на напишаното во документот за оранизирање на
конференција кој го напишав јас.
7. Координатор на гореспоментата geek конференција се нафатив да бидам
јас. Треба да се формира работна група за организирање на
конференцијата.


ПОЗДРАВ, Чомбе


More information about the Ossm-members mailing list