[Ossm-members] Што е подобро...
Арангел Ангов
ufo at linux.net.mk
Sat Sep 30 14:39:21 UTC 2006
На саб, 2006-09-30 во 13:33 +0200, Stojance напиша:
> Знам што сакаш да кажеш. Ама не сакам многу да се зафаќам со некои не
> познати дистрибуции. Сакам само со некои на кои може да се верува како
> RedHat, Debian или SuSe. Сеа користам Убунту што е деривација на
> Дебијан, сакам Федора дека е деривација на Ред Хат...
Всушност Red Hat е деривација на Fedora Core сега. Прво излегува нова
верзија на Fedora, па после неколку месеци на Red Hat.
> А на пример само Дебиан не ми се свиѓа дека е многу гадна и спора и
> никаква!
Тука си грешка нешто, Дебиан е баш спротивното, брза, едноставна и моќна
дистрибуција.
> Ред Хат се плаќа а и СуСе се плаќа па така да морам Федора да
> користам. ДСЛ е доста познат ама е малце страшен дека нема за него
> подршка како што има за Федора или Убунту. А не ми се даваат пари да ги
> прашувам Cygnus Solutions. Предложи ми некоја.
DSL-от можеш да го конфигурираш на било која дистрибуција, под Debian со
истатата алатка како и под Ubuntu, значи pppoeconf, а во Slackware со
rp-pppoe.
Мој совет е да пробаш Slackware или евентуално Gentoo ако сакаш да
научиш повеќе за GNU/Linux.
И уште една работа, гледаш како реплицираме сите на листава, не ми е
јасно како не разбираш дека треба да го избришеш сето она што ти го
додава мејлинг листата на пораката тоа ossm-members бла бла бла и да
испратиш порака без тоа. Исто така, реплицирај само под реченицата на
која што одговараш како што направив јас сега, многу е попрегледно.
Поздрав.
--
Арангел Ангов
Слободен софтвер Македонија
http://www.slobodensoftver.org.mk
info at slobodensoftver.org.mk
More information about the Ossm-members
mailing list