[Ossm-members] fsfe во белград

Goce Mitevski goce.mitevski at gmail.com
Wed Apr 11 13:10:22 UTC 2007


> Мислам дека ова што го правиме е срање. Така ќе го правиме уште пар недели до
> лето и после ќе го нема. Потоа може да се поставува прашањето зотшо никој
> ништо не прави.

Дечки,

Ќе ме извините ако непотребно се убацувам во муабетов, ама морам да
кажам дека со себеобвинување нема да си направите да ви биде подобро.
Моето искрено мислење е дека вие сте направиле многу повеќе од тоа што
во иднина ќе го направат многу идни генерации и јас како затупен
Windows корисник што се „буди" го ценам тоа премногу. Но јас не почнам
да размислувам за Linux затоа што сум видел некоја ваша
„пропаганда"... ниту пак ќе го користам Windows Vista затоа што
Microsoft вели дека е WoW... НЕ! Јас само сум почувствувал дека имам
потреба од промена во животот (во работата). Значи тоа дошло од мене,
а сите не добиваат такви желби затоа и несоодветно е да се очекува
дека преку ноќ работите ќе се сменат. И нормално, не велам дека вашата
работа е за џабе туку дека таа има смисла, за луѓето што ја разбираат.
Секогаш имало „толпа" и секогаш ќе има многу помалку, похрабри што ќе
се издвојат од неа. Вие сте тука да нудите, а ние во зависност од
интересот да го земеме тоа што ни треба, да се квалификуваме и да ве
замениме/одмениме. Со сила ништо не бидува. Со сила само можете да се
скарате и да ги фрлите во вода сите нерви, време и труд што сте ги
одвоиле од вашиот ентузијазам за да поделите памет за беспари.

Не знам дали ќе бидам сфатен сосем соодветно после кажаново, ама сè
што останува недокажано во никој случај не се подразбира. Подобро да
нема Сподели Знаење отколку да го посетуваат двајца што случајно
разбрале дека тоа постои. Подобро да има Сподели Кино еднаш месечно за
муабетот да стигне до што поголем дел од толпата. И конечно треба
маркетинг. Не верувам дека во Македонија не постои фирма што не е во
љубов со Microsoft или пак што нема да сака да понуди нешто ново. Не
знам, може и ми избега малце мислата... ама зошто немаме македонска
дистрибуција, како бренд, на пример? Готов производ што ќе може да им
се понуди на луѓето бесплатно. Не може да нудите сè. Вистина е дека
треба да има избор, ама тоа крајните корисници ги збунува.

Пак ќе речам, ова се само лични гледања и добронамерни совети. Ништо лично :)


More information about the Ossm-members mailing list