[Ossm-members] fsfe во белград
DZvonko Nikolov
dzvonko7 at nerdshack.com
Wed Apr 11 13:39:16 UTC 2007
Aleksandar Balalovski напиша:
> On Wednesday 11 April 2007 11:56:55 DZvonko Nikolov wrote:
>
>
>> како всушност ГЛАСИ прашањето?
>>
>
> Ѕвонко: има еден мал совет кој го даваме на членовите на поштенскава листа,
> тоа е да не праќаат HTML пораки, тоа е практично и во секојдневниот живот,
> чистиот текст е поубав за око :) најдобро-намерно
>
>
Александар, благодарам. Се извинувам на сите, не видов дека ми е
поставено на ХТМЛ.
Второ, не мислам дека е ова булк сообраќај на листава, оти секој може да
згреши или да не примети.
Грешат дури и оние на кои им е преку некои органи, кои моето воспитување
не ми дозволува јавно да ги спомнувам.
Трето, ако некој мисли оти ова е ср..ње, што бара овде?
Ако му е до зезање, многу попаметно е да се зеза некаде надвор со
друштво, отколку пред компјутер, сам.
Четврто, убаво е и пожелно е да се промовира ОССМ и идејата за слободен
софтвер.
Не е доволно да се има супериорен производ или идеја или услуга,
потребно е ДОБРА реклама и промоција.
Пр: windows-от не е ништо посебно, ама рекламата е; coca-cola исто така,
ама реклами имаат несвест и т.н.
Треба пари, да. Но, можеби нешто може и да се направи без пари или со
мала помош на пријателите.
Некои од идиотски нешта изградија империи (да ја спомнам кока кола?)
Прашањето е, дали некој сака да се ангажира додатно и да си ги користи
бонусите за ОССМ и СС или си ги чува
за себе лично (што е сосема човечки и нормално)? И на крај, кој ќе биде
ќарот? Зошто?
Треба напор, координација, трчање и т.н. На крај се се сведува на ќар.
Некаков.
Затоа некои мислат оти е ср...ње. И стално се истите и се се помалку на
средбите. И им е преку некои органи.
Поздрав
Ѕвонко Николов
More information about the Ossm-members
mailing list