[Ossm-members] fsfe во белград

Jovan Kostovski chombium at gmail.com
Wed Apr 11 23:38:07 UTC 2007


On 4/12/07, DZvonko Nikolov <dzvonko7 at nerdshack.com> wrote:
> Јас предавам Информатика во ОУ. Досега имам запознаено повеќе од илјада
> ученици за постоењето на слободен
> софтвер. Имам предавано за линукси, опен офиси, споредби, предности и
> т.н. Барем се запознаени со изборот и
> алтернативите на виндоусот. Знаат оти имаат избор и која е алтернативата.
> Ова дела се?

Да, секако, е сега за да направиш уште поголемо дело,
убеди ги колегите професори/наставници и тие да го сторат истото и
натерај ги учениците да користатат слободенс софтвер, не им го кажувај
само како алтернатива.

> И на крај: Како да заслужам да го спомнувам јавно мојот полов орган? ;-)
> Немам намера да го спомнам, само ме интересираат потребните заслуги. Оти
> не е тоа туку така. ;-)
> Оти ова не е било каква листа и не е било каков орган ;-)))

Малку ми е чудно што професор од осмолетка сака да се изразува така :)))
Правото на спомнување на дотичниот орган се стекнува со работење
нешто во заедницата. До сега не си кажал што и како работиш, нити сме виделе
некои резултати од твојата работа во заедницата, а почна многу да делиш совети
што и како треба да се работи.
Те молам престани да пишуваш вакви "шефовски" пораки на листата.
Бидејќи знаеш што и како треба, ајде да го сработиме тоа заедно ;)

Прашањето на Дамјан е сосема на место, мораше да се направи
ретроспектива на досегашните настани од серијалот "Сподели знаење" за
да видиме што сме планирале да направиме, што е направено и каде ни се
грешките.
Една од најголемите мани ни е слабата посетеност.
Јас на пример, секој петок или сабота, пред сподели знаење лепам
плакати на ЕТФ и до пред некое време ги спамирав сите студент и
вработени и посетеноста не се зголеми. Можеби треба да го смение
начинот на кој ги повикуваме луѓето на дружба...
Сепак мислам дека луѓето едоноставно се мрзливи и незаинтересирани,
знаат што се случува ама едноставно не сакаат да се замараат. Ние
нашиот дел си го завршуваме маклсимално коректно и добро, се им
серврираме на најдобар начин е сега тие ако не сакаат да дојдат тоа е
нивно, само лошото е што поради слабата посетеност сите имаме чувство
дека го правиме ова за џабе :(

ПОЗДРАВ, Чомбе


More information about the Ossm-members mailing list