[Ossm-members] fsfe во белград

Dean Josevski dean at integraeng.com.mk
Thu Apr 12 19:13:32 UTC 2007


On Thursday 12 April 2007 20:37, Aleksandar Balalovski wrote:

> Чомбе ја претера. Ѕвонко прави многу благородна работа и ако некој треба да
> се пофали тоа е тој, впрочем јас побрзо би го пофалил него отколку тебе или
> било кој друг на листата.

Што би рекол Новица: „Александар ме претрка“. Пред некој саат сакав да се 
вклучам и јас во разговорот, испровоциран од вулгарностите, но ми испаднаа 
некои работи, па еве да го кажам своето мислење. 

> Ѕвонко: игнорирај ги малограѓанските пораки и кавги на листава, продолжи да
> си работиш со тоа што си започнал, сметам дека образованието е од суштинско
> значење за ширењето на слободниот софтвер. Ако не беше ти немаше ни да
> одговорам на препукувањата ама мора некој да остави добар впечаток за
> заедницата.

Образованието е суштинско воопшто во животот, па и во едукацијата за слободен 
софтвер. Не барам признанија што во моето секојдневно работење секаде каде 
што држи место напоменувам за слободниот софтвер. ;) Не ја гледам ни 
потребата од рангирање кој колку направил и сл. Кому му се потребни вакви 
дискусии и навреди.

И што има тоа врска со белград? ;) 

>
> Допрва се очекуваат „реформи“ во функционирањето, има надеж.

Кога станува збор за образование и слободен софтвер заедно, а со цел да 
предложам да преминеме на нешто конкретно, дозволете да прашам за следното:

Дали можете да ми предложите Linux програма со којашто ќе можам во некаков 
(слободен) ;) формат да го меморирам десктопот при работа со која било 
програма. Потоа планирам тоа да го синхронизирам со аудио, за да добијам 
мултимедијален туторијал. 

Патем речено, содржините коишто сакам да ги документирам се Linux програми. 

Но тоа не го правам за да ме пофалите, туку затоа што ценам дека ќе биде 
корисно. На тој начин многу луѓе ќе можат да видат што е Linux без ништо да 
инсталираат. 

Поздрав,
Деан Јошевски

P. S. Дали правите архива од презентациите, со цел да ги видат и оние кои не 
се од Скопје?


More information about the Ossm-members mailing list