[Ossm-members] fsfe во белград
Jovan Kostovski
chombium at gmail.com
Thu Apr 12 22:30:56 UTC 2007
On 4/12/07, Dean Josevski <dean at integraeng.com.mk> wrote:
> On Thursday 12 April 2007 20:37, Aleksandar Balalovski wrote:
>
> > Чомбе ја претера. Ѕвонко прави многу благородна работа и ако некој треба да
> > се пофали тоа е тој
Можеби бев малку преостар во коментарите, ама до сега (до оваа нишка)
јас не се сеќавам на некои пораки од Ѕвонко освен две-три во кои кажа
дека е професор негде и дека бара помош да им го презентира на своите
ученици слободниот софтвер. Одеднаш спомнува некакви ќарови, што се
треба да се прави....
>Треба напор, координација, трчање и т.н. На крај се се сведува на ќар.
> Некаков.
Не го негирав неговиот допринос за заедницата, туку само му спомнав да
го прошири и на неговите колеги професори, да ги натера и нив да
користат слободен софтвер.
Инаку лично сметам дека таквите пораки, со спомнување на ќар кој
луѓето најчесто го поврзуваат со финансиска корист и зборување дека
активностите кои ги правиме се срање и дека џабе ги правиме, се крајно
демотивирачки.
Јавно му се извинувам на Ѕвонко за реакцијата.
Никогаш не реков дека сите треба да застанеме у с строј да си го
мериме доприносот за заедницата. Секој треба да го работи она што го
интерсира, задоволува и исполнува, значи не се работи за ќар, туку за
лична сатисфакција да им се помогне на другите, да им се отворат очите
и да се прошири. Ќарот всушност е размена на знаења, споделување на
искуства, дознавање на нови работи.
До сега на никој не сум му пререкол за она што го работи за заедницата
и нема да му преречам на никој, малку сме и треба да се групираме и да
работиме, а не да се двоиме и да се караме.
> > Ѕвонко: игнорирај ги малограѓанските пораки
Ок, се извинив, ама споменување полови органи и тоа од професор.....
тоа не е малограѓанска порака???
>> впрочем јас побрзо би го пофалил него отколку тебе или
>> било кој друг на листата.
Јас не очекувам да ме фали некој за да го работам тоа што го работам,
сум си нашол јас своја сатисфакција и си го правам тоа со ќеиф. Не
барам никој да ме фали и да ми дели значки. Нека работи кој што сака
само нека допринесува за заедницата, а да се зборува дека она што го
правиме е срање...
> Дали можете да ми предложите Linux програма со којашто ќе можам во некаков
> (слободен) ;) формат да го меморирам десктопот при работа со која било
> програма. Потоа планирам тоа да го синхронизирам со аудио, за да добијам
> мултимедијален туторијал.
> Патем речено, содржините коишто сакам да ги документирам се Linux програми.
Пробај со VNC2SWF http://www.unixuser.org/~euske/vnc2swf/vnc2swf.html
ПОЗДРАВ, Чомбе
--
Advice for software developers and horse racing enthusiasts: Avoid hacks
More information about the Ossm-members
mailing list