[Ossm-members] fsfe во белград

Vlado Peshov vlatkop at gmail.com
Fri Apr 13 02:02:07 UTC 2007


Ја само сакам да кажам дека се додека се плукаме меѓу себе, ја плукаме
и заедницата, која не дека ништо не работи, туку и те како прави нешто
за оваа држава воопшто. Едноставно, според мене и треба само подобра
организација у смисол координација, маркетинг,... Сиве овие години
„членство" во ОССМ не сум сретнал соодветен член кој што со право може
да го кажам организатор на некој настан, водач на некој проект (макар
и било обично преведување на Mozzila).
Криво ми е ептен што кога ќе се спомнат работите околу организацијата,
од тип како што спомнав погоре, сите знаат како да преведат некој
стринг, дадат стручен совет за програма или нешто слично, а никој
(според мене) не се покажал доволно добар и доволно стабилен да може
да раководи, уредува, координира нешто посериозно.
Немојте ова да го сфатите (било кој) како навреда, туку напротив.
Сепак може ова се само мои мислења, ставови...
Поздрав
П.С. За било кој на листава кој е, или воопшто не е, врзан со
дискусииве на листава и општо со делувањата на организацијата а сепак
прави нешто (било што) за заедницава ќе речам само напред и без
откажувања.


More information about the Ossm-members mailing list