[Ossm-members] fsfe во белград

Новица Наков novica at bagra.org
Fri Apr 13 13:30:17 UTC 2007


> Ок, резимирам...
>
> Работите во организацијата не ги бива, ќе преземеме ли нешто?

Чомбе, принципиелно, не може да *резимираш* и потоа да прашуваш дали ќе 
*преземеме* нешто.

Ако резимираш - преземи. 

Инаку, мислам wtf, вакви дискусии се случуваат секои пар месеци. Листава ќе 
почне да изгледа како рамо за плачење на гикови.

Како така паушално заклучи(вте?) дека работите во организацијата не ги бива? 

Ја гледавте сите на Лесиг презентацијата за Слободна култура? На крајот таму 
Лери вика: what have you done? Епа ајде, што направивте? (Или ако сакаш во 
духот на Мисирков: Што направивме и што треба да се направи?) 

Што така паушално зборувате? Ајде сите на викито кај лугола и напишете на една 
страничка: идеи, планови, желби, но и што од тоа секој е подготвен да прави, 
но и што правел до сега, за да видиме сите јавно референца за минат труд кој 
не вклучува само солење памет по листа.

Хмм... да проверам... да, ова сум го напишал и претходно. И знаеш што? Никој 
ништо не направил во врска со тоа. Гад дем, ги чувам сите пораки од 2001 
навака и ако копам сега можам да извадам листа на сите луѓе што некогаш рекле 
дека нешто ќе прават и потоа се откажале или заебале работа. Што мислиш чие 
сѐ име ќе се појави?

И немој да влегувате во филм дека не знам зафатени биле некои, бла бла... ако 
се зафатени некои, од каде им време да солат памет?

Затоа don't bullshit дека работите со организацијата не ги бива. 
Организацијата си е тип-топ. Тие што зборуваат дека организацијата не ја 
бива, дека требало вака да се направи или онака да се направи, дека ова сега 
не чини ама баш и не сакаат ништо да приденесат - тоа е тоа што не го бива - 
луѓето.

Па на крај или станете сериозни и придонесувајте некако - било како, или не 
тлачите џабе овде.


-- 
Новица



More information about the Ossm-members mailing list