[Ossm-members] fsfe во белград

DZvonko Nikolov dzvonko7 at nerdshack.com
Fri Apr 13 19:30:55 UTC 2007


ОК, ова отиде предалеку. Дај да престанеме додека може да се вратиме.

Прво, немав намера да давам ум никому, а најмалку да пишувам шефовски.
Ако некој го разбрал така, се извинувам. Пробав да дискутирам за решавање на
проблемот со незаинтересираноста на јавноста за СС. Напоменав дека во 
превод и
кодирањето немам никаков удел, меѓутоа работам на промоција.

>>> Чомбе ја претера. Ѕвонко прави многу благородна работа и ако некој треба да
>>> се пофали тоа е тој
>>>       
Благодарам за убавите зборови. Ова го работам со години и пред воопшто 
да знам дека
заедницава постои. Цело време мислев дека е малку донкихотовски, ми се 
смееја, ме правеа
будала, ми се закануваа, ми забрануваа и тн. Така да, отрпнав. Кога 
видов дека имам
истомисленици, супер.
> Можеби бев малку преостар во коментарите, ама до сега (до оваа нишка)
> јас не се сеќавам на некои пораки од Ѕвонко освен две-три во кои кажа
> дека е професор негде и дека бара помош да им го презентира на своите
> ученици слободниот софтвер. Одеднаш спомнува некакви ќарови, што се
> треба да се прави....
>   
>> Треба напор, координација, трчање и т.н. На крај се се сведува на ќар.
>> Некаков.
>>     
Прво, тоа негде е Струмица. Второ, во овој „бизнис“ „еснаф“ или како 
сакаш крсти го, сум
повеќе од 15 години и бев сведок на многу прекрасни идеи кои или 
пропаднале или
„големите“ ги претвориле во нешто идиотско. Затоа велам дека треба да се 
промовира и да
се турка СС. Затоа што секој има вложено многу труд, време и нерви во СС.
А тука треба и трчање и мускули и нерви и врски и тн.

Не побарав помош, само ве известив, за делувањето. Можеби некој ќе ја 
искористи идејата
за промоција на СС. Можеби некој ќе даде подобра идеја. Дај боже. За 
ќарот, напоменав
дека е некаков. Тоа може да е лична сатисфакција, чувство дека работиш 
нешто добро,
позитивно и тн. Не мора ќарот да биде финансиски. А ако и биде 
финансиски ќар, може
да се донира на болни деца, деца без родители, поправка на нешто. Така 
заедницата ќе
има и медиумска промоција, ќе се слушне за нас.

> Не го негирав неговиот допринос за заедницата, туку само му спомнав да
> го прошири и на неговите колеги професори, да ги натера и нив да
> користат слободен софтвер.
>   

Работам на случајот. И колегите и сите служби во школите.
Друго, сега сум во разговори со градоначалникот за примена на СС во 
општинските служби.
За почеток, примена на опен офис. После примена на линукс како платформа.
Ако можел Минхен, зошто не и ние. Не сме побогати од нив да плаќаме 
лиценци, нели?
Ајде некој нека искористи и лично пријателство или роднинска врска да 
поттурне некаде.
Јас тоа го правам.

> Инаку лично сметам дека таквите пораки, со спомнување на ќар кој
> луѓето најчесто го поврзуваат со финансиска корист и зборување дека
> активностите кои ги правиме се срање и дека џабе ги правиме, се крајно
> демотивирачки.
>   

Тоа што го правите е фантастично. Никој не вели дека тоа што се прави е 
ср..ње.
Напротив. Никој ова не го прави за пари. Ова се прави за лично убедување 
и личен став.
Затоа е баш мотивирачки. Си го бранам ставот, а за тоа имам и добри 
аргументи.

> Јавно му се извинувам на Ѕвонко за реакцијата.  
Извинувањето јавно е прифатено.

> Никогаш не реков дека сите треба да застанеме у с строј да си го
> мериме доприносот за заедницата. Секој треба да го работи она што го
> интерсира, задоволува и исполнува, значи не се работи за ќар, туку за
> лична сатисфакција да им се помогне на другите, да им се отворат очите
> и да се прошири. Ќарот всушност е размена на знаења, споделување на
> искуства, дознавање на нови работи.
>
> До сега на никој не сум му пререкол за она што го работи за заедницата
> и нема да му преречам на никој, малку сме и треба да се групираме и да
> работиме, а не да се двоиме и да се караме.
>
>   
>>> Ѕвонко: игнорирај ги малограѓанските пораки
>>>       
>
> Ок, се извинив, ама споменување полови органи и тоа од професор.....
> тоа не е малограѓанска порака???
>   
Мислам дека јас прв реагирав за органите, ама тоа што следуваше не го 
очекував.
Јас се пошегував малку и бев повеќе саркастичен, ама ...

>>> впрочем јас побрзо би го пофалил него отколку тебе или
>>> било кој друг на листата.
>>>       
>
> Јас не очекувам да ме фали некој за да го работам тоа што го работам,
> сум си нашол јас своја сатисфакција и си го правам тоа со ќеиф. Не
> барам никој да ме фали и да ми дели значки. Нека работи кој што сака
> само нека допринесува за заедницата, а да се зборува дека она што го
> правиме е срање...
>   
Па и мене тоа ме испровоцира. Затоа и реагирав.

Секој кој што работи, треба да се пофали. Ако е добро, треба да се пофали.
Ако треба и со значки. За да можат другите да го применат искуството, 
сработеното,
да знаат кој може да помогне, како е нештото направено и тн. На крајот 
на краиштата,
да се признае на трудот, нервозата и работата која некој ја ставил во 
служба на заедницата.
Затоа и се вика заедница, нели?

Прво помислив дека ова се претвори во непотребна дискусија.
После помислив дека можеби оваа дискусија и беше потребна.
Сега сум сигурен дека е потребна оваа дискусија.

И за крај, бидејки ова отиде предалеку, треба да престанеме додека можеме.
Немам намера да коментирам повеќе на оваа нишка. Не се откажувам од 
заедницата
(освен ако заедницата не откаже од мене), ќе работам колку можам, како 
можам, 
како знам и колку знам.

Благодарам за времето, позитивните коментари, негативните коментари.

Се извинувам ако некој ненамерно навредив.

Поздрав
Ѕвонко Николов






More information about the Ossm-members mailing list