[Ossm-members] Барање: Лугола банерчиња
Arangel Angov
ufo at linux.net.mk
Wed Apr 18 10:13:16 UTC 2007
На сре, 2007-04-18 во 11:39 +0200, Aleksandar Balalovski напиша:
> „Твојот пат до слободата“
> „Биди активист! Ела!“
> „Неофицијален волонтеризам“ (волунтаризам?)
> „Дој во Лугола“
> „Лугола, знајш?“
Мислам дека треба да се задржиме до македонскиот јазик за банерчињава. И
самиот викаш дека Лугола нема членови само од Битола, глупо и несериозно
ми изгледа „Дој“ и „Знајш“ на такво место, дај не се заебавајте.
> Дополнителни идеи и предлози, давајте.
Одамна веќе треба банерчиња за „GNOME на македонски“, „linux.net.mk“,
„Планета“, не ми текнуваат уште во моментов...
> Банерчето исто
> така е потребно поради една соработка што Лугола ќе ја има со IT Sec
> (http://www.it.com.mk), првото електронско списание за IT безбедност во кое
> треба да има банерче од Лугола, а каде редовно од месец Мај, благодарение на
> Виктор (Лугола) и Дамјан (не нашиот, од IT Sec) ќе пишуваме статии за Линукс
> и поврзаноста на слободниот софтвер со компјутерската безбедност.
>
> Списанието е во оформување, идеи и предлози можете да давате овде:
> http://it.com.mk/forum/forumdisplay.php?f=95 имајте на ум дека е сосема ново.
> Бидете конструктивни во критиката.
Јас веќе им пишав дека security не е сигурност туку безбедност ама не ми
ја прифатија забелешката пошто се консултирале со јазичари. :) Јазичари
решаваат без речник за ИТ терминологија, можда ќе го направат они, дај
боже да не. :)
--
Арангел
More information about the Ossm-members
mailing list