[Ossm-members] Сподели кино #4, 24 април 2007, [Точка]

Дамјан Георгиевски penguinista at mail.net.mk
Mon Apr 23 16:21:48 UTC 2007


На плејлистата главен ќе биде Ханс Рослинг со неговото одлично 
шоу^H^H^Hпредавање на конференцијата TED во 2006.

На предавањето Рослинг целосно ја разоткрива приказната за третиот свет патем 
давајќи одговор на прашањето дали шведските студенти се паметни исто толку 
колку шимпанзата.

Шведскиот доктор приредува шарено шоу со статистички податоци какви што не сте 
виделе порано истовремено презентирајќи софтвер кој сите можат да го користат 
за да видат како напредувала нивната земја на различните полиња на развојот.

И додека сме во Точка, ќе пуштиме и некое кратко видео кое се надеваме ќе ја 
насмее публиката.


пс
оправданија само со лекарско уверение

-- 
дамјан ( http://softver.org.mk/damjan/ )
http://wiki.lugola.net/wiki/Вечна_TO-DO_листа



More information about the Ossm-members mailing list