[Ossm-members] Јазичните проблеми
Aleksandar Balalovski
gemidjy at lugola.net
Thu Feb 1 13:01:34 UTC 2007
On Thursday 01 February 2007 08:36, strumjan at mol.net.mk wrote:
> Се чудам како уште живееш тука со волку простотија! Веројатно се
> срамиш и од најблиските оти зборувааат македонски, инаку, јазикот кој
> од јазичарите е прогласен за еден од најсовршените во светот!
> А уредите се Devices, но Edit можело да биде и Среди па да нема
> никакви проблеми
Струмјан олади, Стојанче има 14 години, тие работи кои ти си ги учел во
средно/факултет тој допрва ќе треба да ги осознае. Иначе и мене ме
интересира, дај реферирај на што мислиш кога велиш дека нашиот јазик е еден
од најсовршените? Онака офтопик.
> Сите преведувачи би требало барем еднаш месечно да имаат средба и со
> некој јазичар или писател, односно со кого било кој е посветен на
> македонскиот јазик повеќе отколку на компјутерскиот. Резултатите ќе
> бидат за општо задоволство.
Да ама некој тоа треба да го организира. Поефективно е ако го организира без
да предлага. Не ова, ами она, зошто вака така...и на крајот ништо. Можеш ли
ти тоа да го организираш? Барем на хартија?
> За вулгарностите на НЛО (Ufo) не сакам ни да коментирам, мислам дека е
> време самиот да се отстрани од листава, за жал.
Јас викам да го изведеме на страмен столб и да го бичуваме додека не прозбори
од кој е пратен. А?
More information about the Ossm-members
mailing list