[Ossm-members] Анкета

Арангел Ангов ufo at linux.net.mk
Mon Feb 5 16:08:29 UTC 2007


На нед, 2007-02-04 во 20:43 +0100, Aleksandar Balalovski напиша:
> Вака, по предлог на Јован (gnomk), ставивме анкета на Лугола. Јован предложи 
> конкретно да се праша дали Датотека или Фајл, јас поставив „Дали е потрено 
> унифицирање на термините за локализација?“. Фино е сите да се произјасниме, 
> плус ќе имаме и преглед кој како стои и со користење на локализиран софтвер.

И? Знаеме дека е потребно унифицирање на термини. Вистинскиот проблем е
во тоа што нема кој да ги унифицира. Треба некој да се пријави да ја
брка работава со МАНУ, Министерство X, Метаморфозис. Ете имаше еден
таков проект, сигурно не згасна поради тоа што имаше *многу* доброволци
за да го сработат потребното.

Поентата ми е, ништо нема да постигнеме со анкети, треба да се делува,
ако нема кој да го збрка тоа работите ќе си движат во некоја
неконтролирана насока (како што се движат и сега впрочем) и после сите
ќе се чудите како 99.9% од луѓето викале "Фајл" наместо "Датотека".

Ако немаме намера или не сме моќни да смениме нешто може барем да ги
прекинеме дискусииве и да не си го губиме времето.

Јас не го правам ова зашто не можам - ова морам да го пишам зашто одма
тоа ќе ми го префрлите. :)
-- 
Арангел




More information about the Ossm-members mailing list