[Ossm-members] средување на преводот на thunderbird 2.0
Aleksandar Balalovski
gemidjy at lugola.net
Tue Jan 30 17:45:11 UTC 2007
On Tuesday 30 January 2007 18:23, Stojance Dimitrovski wrote:
>
> Многу ни е прост јазикот, а и сите други словенски јазици. На пр. кога
> го преведував Славејче имаше едно: Edit = Уреди и Devices = Уреди...
> Малце е збунувачки. И како да го преправам „Направи“??? :)
>
Да прашаш некој од Филолошки (тоа е факултет каде што се учат јазици) дали
нашиот јазик е прост и сиромав, ќе ти кажат дека повеќе јазикот го
осакатуваат нашите „профи“-преведувачи кои не знаат да преведуваат. Нашиот
јазик е сиромашен во речникот, но еден од најбогатите во форми на изразување.
Зависи која форма и каква, ќе употребиш, таков ќе биде преводот. Ај да не
давам примери сега, само сакам да кажам да не си го потценуваш јазикот, не
дека е македонски па буцкам чувство на патриотизам сега, туку дека е јазик, а
сите јазици ги сакаме, нели? Дури и Кобол ...
More information about the Ossm-members
mailing list