[Ossm-members] средување на преводот на thunderbird 2.0

Арангел Ангов ufo at linux.net.mk
Tue Jan 30 18:03:07 UTC 2007


На вто, 2007-01-30 во 18:24 +0100, Aleksandar Balalovski напиша:

> Туку...лесно беше, да си остане како што е засега.

Сега го гледам како проблем тоа затоа и го спомнав тоа тука на листава.

> Сакав да споредам, дека не можеме да го англизираме нашиот јазик. Милчо 
> Манчевски ќе ни рече дека сме јазични фашисти ако не види, не е тоа наша 
> работа. Исто после некое дете ќе дојде и ќе рече „датотека е тоа во полиција, 
> тоа што го читаш по цел ден се вика Фајл“ и конфликт...а сме превеле толку 
> многу стрингови со овој термин.
> 
> Поента: ако се измени терминот датотека кон фајл тогаш ќе треба и многу други 
> работи да се менат, замисли „маус“ да преведуваме :)

Значи, најверојатно не ме разбираш за што зборам тука. Јас го преведувам
'Фајл' како 'Датотека' веќе 6-7 години, немам никаков проблем со тоа, го
користам зборот. За жал ситуацијата на теренот е поинаква од тоа што
можеби ние го мислиме. Сите луѓе во Македонија го користат зборот 'Фајл'
тоа е факт, нема што да се залажуваме. Така е во сите школи, така е во
сите фирми, еве и Стојанче кажува дека неговата професорка го користи
'Фајл' иако во учебникот и пишува 'Датотека'. Едно е како треба друго е
како се практикува во реалниот свет.  Немам слушнато ни од еден човек од
сите со кои што сум правел муабет последнава година да ми рече датотека
наместо фајл. Тоа е реалноста со тоа треба да се справиме. Ако го
преведуваме упорно 'Датотека' сигурно нема да ги одвикнеме старите и да
ги научиме младите да го користат тој збор, едноставно тоа не е доволно.

ПС Новица, дискусијава е потребна не сери.
-- 
Арангел




More information about the Ossm-members mailing list