[Ossm-members] средување на преводот на thunderbird 2.0

Bozidar Proevski bobibobi at freemail.com.mk
Tue Jan 30 18:01:14 UTC 2007


Во вторник 30. јануари 2007 19:03 Арангел Ангов напиша:
> Значи, најверојатно не ме разбираш за што зборам тука. Јас го преведувам
> 'Фајл' како 'Датотека' веќе 6-7 години, немам никаков проблем со тоа, го
> користам зборот. За жал ситуацијата на теренот е поинаква од тоа што
> можеби ние го мислиме. Сите луѓе во Македонија го користат зборот 'Фајл'
> тоа е факт, нема што да се залажуваме.

Не треба да се залажуваме, треба да дејствуваме за да ја смениме ситуацијата!!

> Така е во сите школи, така е во 
> сите фирми, еве и Стојанче кажува дека неговата професорка го користи
> 'Фајл' иако во учебникот и пишува 'Датотека'.

Е добро де, ако е лингвист, тогаш е зрела за оставка. Ако е информатичар... 
може не е таа крива, може учела од нелекторирани учебници. Во постарите 
учебници уште од осмо одделение се употребуваше поимот датотека. Го давам 
како пример, не дека се фаќам баш за тој збор. Ее. тогаш беа _сметачи_, не 
беа _компјутери_...

> Едно е како треба друго е 
> како се практикува во реалниот свет.  Немам слушнато ни од еден човек од
> сите со кои што сум правел муабет последнава година да ми рече датотека
> наместо фајл. Тоа е реалноста со тоа треба да се справиме. Ако го
> преведуваме упорно 'Датотека' сигурно нема да ги одвикнеме старите и да
> ги научиме младите да го користат тој збор, едноставно тоа не е доволно.
НЕ, ама е потребно.


Поздрав Боби


More information about the Ossm-members mailing list