[Ossm-members] средување на преводот на thunderbird 2.0
Aleksandar Balalovski
gemidjy at lugola.net
Tue Jan 30 18:06:25 UTC 2007
On Tuesday 30 January 2007 19:03, Арангел Ангов wrote:
Божидар: ок, низи :)
>
> Значи, најверојатно не ме разбираш за што зборам тука. Јас го преведувам
> 'Фајл' како 'Датотека' веќе 6-7 години, немам никаков проблем со тоа, го
> користам зборот. За жал ситуацијата на теренот е поинаква од тоа што
> можеби ние го мислиме. Сите луѓе во Македонија го користат зборот 'Фајл'
> тоа е факт, нема што да се залажуваме. Така е во сите школи, така е во
> сите фирми, еве и Стојанче кажува дека неговата професорка го користи
> 'Фајл' иако во учебникот и пишува 'Датотека'. Едно е како треба друго е
> како се практикува во реалниот свет. Немам слушнато ни од еден човек од
> сите со кои што сум правел муабет последнава година да ми рече датотека
> наместо фајл. Тоа е реалноста со тоа треба да се справиме. Ако го
> преведуваме упорно 'Датотека' сигурно нема да ги одвикнеме старите и да
> ги научиме младите да го користат тој збор, едноставно тоа не е доволно.
Гадно, гадно. Сега, решение? да се менува секаде? да не ги поправаме тие што
велат фајл наместо датотека? да не ова...да не она...? Кажете што ќе испадне,
еве и Јове нека каже, тој координира Гномк, Божидар мКде.
> ПС Новица, дискусијава е потребна не сери.
Новица с@#$%ри на листа? Бљак...
Него, Новица, се работи за општа дискусија бидејќи ако Таг го преведеш како
Етикета, а Датотека го вратиме на Фајл, се губи компатибилноста, шо знам...
More information about the Ossm-members
mailing list